Job (42/42)    

1. Му одговори Јов на Господа и рече:
2. "Знам, дека Ти се можеш, и дека намерата Твоја не може да биде неизвршена.
3. Кој е тој, што го помрачува Провидението - со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела, што не можев да ги знам.
4. Послушај ме, викав јас, и ке говорам, и што ке Те прашам, објасни ми го.
5. Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гледаат;
6. затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел."
7. И потоа, откако Господ му ги изговори на Јова овие зборови, му рече на Елифаза од Темна: "Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов.
8. Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себеси жртва; и Мојот слуга Јов ке се помоли за вас, зашто само неговото лице ке го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Јов.
9. И отидоа Елифаз од Темна, Вилдад од Сува и Софар од Нам, и направија како што им заповеда Господ, - а Господ го прими лицето Јовово.
10. Му ја врати Господ на Јова загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јова двојно повеке од она што го имаше пред тоа.
11. Тогаш дојдоа при него сите негови брака и сите негови сестри и сите негови поранешни познати, па јадеа со него леб во куката негова и му изјавија сочувство, утешувајки го за сето зло, што Господ го беше допуштил врз него, и секој му даде по еден сребреник и по еден златен прстен.
12. И ги благослови Бог последните денови на Јова повеке од напрешните: тој имаше четиринаесет иљади дробен добиток, шест иљади камили, иљада чифта волови и иљада ослици.
13. Имаше и седум синови и три керки.
14. Првата ја именува Емина, втората - Касија, а третата - Керенкапух.
15. По целата земја немаше такви убави жени, како Јововите керки; татко им и ним им даде наследство ме у браката нивни.
16. По ова, Јов живееше сто и четириесет години и доживеа да види синови и внуци до четвртото колено.
17. Умре Јов стар и сит од животот.

  Job (42/42)