Job (4/42)  

1. Одговори Елифаз од Темна и рече:
2. "Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да се воздржи да не говори!
3. Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце,
4. твоите зборови го исправале оној што па ал, си ги поткрепувал раслабените колена.
5. А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот.
6. Твојата богобојзаливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта - твојата поткрепа?
7. Спомни си, загинал ли некој невин, и кога праведните биле искоренувани?
8. како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат;
9. од здивот Божји загинуваат и од духот на гневот негов исчезнуваат.
10. Рикањето на лавот и гласот на оној што вика замолчува, а забите на лавчињата се кршат;
11. силниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрснуваат.
12. И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него.
13. Среде размислувањата за нокните виденија, кога сонот ги обзема лу ето,
14. мене ме опфака страв и трепет и ги растресе сите мои коски.
15. И духот помина над мене; косата ми се крена.
16. Тој застана, - но јас не го видов лицето негово, - само облак беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас:
17. "Зар човекот е поправеден од Бога? И почист ли и од својот Создател?"
18. Ете, Он и на слугите Свои не им верува и во ангелите Свои согледува недостатоци:
19. дотолку повеке кај оние, што живеат во земјатни куки, чии основи се од прав и кои пропа аат и од молец.
20. Ме у утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно.
21. не загинуваат ли со нив достоинствата нивни? Тие умираат иако не станале мудри.

  Job (4/42)