Job (39/42)  

1. Ти ли ловиш плен за лавицата и ги наситуваш лавчињата,
2. кога тие лежат во леглата или почиваат под сенка во заседа?
3. Кој и ја приготвува храната на враната кога пиленцата нејзини, скитајки без храна, викаат кон Бога?
4. Го знаеш ли времето, кога дивите кози ра аат по карпите, и си забележувал ли како ра аат срните?
5. Можеш ли да ги преброиш месеците на нивната бременост? И го знаеш ли времето кога ра аат?
6. Тие се превиткуваат, и ра ајки ги малечките свои, се ослободуваат од болките свои.
7. Породот нивни зајакнува, радост е во полето, си оди и не се врака при нив.
8. Кој го пуштил на слобода дивиот осел и кој му ги разврзал врските негови,
9. на кој сум му ја одредил пустињата за дом и соланите - за живеалиште.
10. Тој се потсмева на вревата во градот и не го слуша викањето на терачот,
11. си бара храна по горите и се впушта на секое зелено растение.
12. Kе сака ли еднорог да ти служи и ке нокева ли во твоите јасли?
13. Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ке ја браносува ли по тебе нивата?
14. Kе се потпреш ли на него, бидејки силата му е голема и ке му ја оставиш ли нему твојата работа?
15. Kе му поверуваш ли, дека тој ке ги врати семињата твои и ке ги донесе на гумното твое?
16. Ти ли му даде убави пердуви на паунот и криља и мов на нојот?
17. Тој ги остави јајцата свои на земјата и ги топли на песокот,
18. и заборава, дека нога може да ги скрши или полска sверка да ги згази;
19. немилостив е спрема малечките свои, како да не се негови, и не се плаши, оти трудот негов ке биде залуден,
20. зашто Бог не му дал мудрост и не го надарил со разум;
21. а кога ке се извиши високо, му се потсмева на коњот и на јавачот негов.
22. Ти ли му даде сила на коњот и ти ли го украси вратот негов со грива?
23. Можеш ли да го исплашиш како скакулец? Треперењето на ноздрите негови е ужас;
24. ја рове со нога земјата и се радува на силата своја; оди спроти оружје;
25. се смее на опасноста и не се плаши и не се отстранува од меч.
26. Торба со стрели sвечка на грбот негов, болска копјето и топузот;
27. од немир и јарост голта земја и не може да стои при трубен звук;
28. штом ке засвири трубата, тој вришти и оддалеку ја претчувствува битката, громкиот глас на војводите и викот.
29. Поради твојата мудрост ли фрчи јастребот и ги насочува криљата свои кон југ?
30. По твојот збор ли се издига орелот и си вие гнездо на високо?
31. Тој живее на карпа и нокева на врв од стрмнината и на непристапни места;
32. оттаму ја здогледува храната: очите негови гледаат далеку;
33. и малечкте негови пијат крв; каде што има труп, таму е и тој."
34. Продолжи Господ и му рече на Јова:
35. "Кој се бори со Вседржителот, ке сака ли да поучува? Кој Го напа а Бога, нека Му одговори."
36. Му одговори Јов на Господа и рече:
37. "Еве, јас сум ништожен, што да Ти одговорам? Раката своја ја ставам на устата моја.
38. Еднаш говорев, - сега нема да одговарам; говорев дури двапати, но повеке не."

  Job (39/42)