Job (37/42)  

1. "И од тоа трепери срцето мое и се крева од местото свое.
2. Чујте, чујте го гласот Негов и громот, што излегува од устата Негова.
3. Под целото небо се разнесува грмежот Негов, и светкавицата Негова - до краиштата на земјата.
4. По Него гром се разгласува; грми Он со гласот на Своето величие и не го запира, кога гласот Негов ке се чуе.
5. Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни.
6. Зашто Он му вели на снегот: - па ај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во Негова власт.
7. Он става печат врз раката на секој човек, за да ги знаат сите лу е Неговите дела.
8. Тогаш sверот оди во прибежиштето и си останува на леглото свое.
9. Од југ доа а бура, од север - студ.
10. Од дувањето Божјо настанува лед: водената површина се собира.
11. Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова,
12. и тие се движат по целата земја според вољата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Он.
13. Он им заповеда да отидат или за казна, или за благоволение, или за помилување.
14. Влушај се во ова, Јове; стој и гледај ги чудесните дела Божји.
15. Знаеш ли како Бог ги распоредува и како и заповеда на светлината да болска од Неговиот облак?
16. Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дела на Најсовршениот во секое знаење?
17. Како се стоплува облката твоја кога ја успокојува земјата од југ?
18. Со Него ли го распна небото, кое стои така цврсто како излеано огледало?
19. Научи не што да Му кажеме. Во овој мрак не можеме ништо да распознаеме.
20. Kе му биде ли јавено што зборувам јас? Кажал ли некој, дека Нему Му се соопштува, што е зборувано?
21. Сега не се гледа болскавата светлина во облаците, но ке дувне ветер и ке ги расчисти.
22. Убавото време доа а од север, но во Бога убавината е преголема.
23. Вседржителе! Ние не го достигнуваме. Голем е по сила, по судот и по полнотата на правосудието, но Он никого не го угнетува.
24. Поради тоа нека се плашат пред Него лу ето и нека треперат пред Него сите мудри по срце!"

  Job (37/42)