Job (36/42)  

1. И пак продолжи Елијуј и рече:
2. "Стрпи се малку, ке ти покажам, зашто има уште нешто да кажам за Бога.
3. Kе го почнам зборот мој од далеку и ке ти покажам дека мојот Создател е справедлив,
4. навистина зборовите мои не се лага: пред тебе е оној, кој исправно мисли.
5. Ете, Бог е мокен, но никого не презира; силен е со крепкото срце Свое;
6. не ги поддржува безбожниците, а угнетените ги оправдува;
7. не ги отстранува очите Свои од праведниците, но заедно со царевите ги става засекогаш на престол; и тие се воздигаат.
8. Ако, пак, се оковани во вериги и се држат во оковите на невољата,
9. тогаш им ги напомнува делата нивни и беззаконијата нивни, бидејки се умножиле.
10. Го отвора увото нивно за вразумување, им вели да се оттргнат од беззаконието.
11. Ако послушаат и почнат да Му служат, ке ги поминат дните свои во добро и годините свои во радост;
12. Ако, пак, не послушаат, гинат од стрела и умираат во безумие.
13. Но лицемерните имаат во срцето свое гнев и не се обрнуваат кон Него, кога ги врзува во окови;
14. затоа душата нивна умира во млади години, и животот нивни згаснува со блудници.
15. Он го спасува страдалникот од маката негова и, кога е угнетен, му го отвора увото.
16. И тебе би те извел Он од теснината на широко, каде што нема угнетување; и трпезата твоја би била полна со мрс;
17. Ако си заслужил суд безбожнички, судот веке и осудувањето ке те снајдат.
18. Да не те порази Божјиот гнев со казна! Голем откуп нема да те избави.
19. Нека да гледа на Твоето богатство, ниту на златото, ниту на какво и да било сокровиште твое.
20. Не воздивнувај за онаа нок кога народите се истребуваат на местото свое.
21. Пази се, не подавај се на нечестието, што си претпочитал пред страдањето.
22. Бог е најголем со силата Своја; кој учител, како Него?
23. Кој Му Го одреди патот Негов? Кој може да Му каже: ‘постапуваш ли неправедно?‘
24. Не заборавај да ги величаш делата Негови, кои лу ето ги гледаат.
25. Сите лу е можат да ги видат; човек може да ги види и оддалеку.
26. Ете, Бог е голем, и ние не можеме да Го познаеме; бројот на годините Негови е неиспитан.
27. Он ги стега водните капки; тие лијат дожд врз лу ето.
28. капат од облаците и се изливаат изобилно врз лу ето.
29. И кој може да го разбере ширењето на облаците, трескотот во шаторот Негов?
30. Ете, Он ја распростира врз нив светлината своја и го покрива морското дно.
31. Оттаму Он ги суди народите, дава храна во изобилие.
32. Он крие во дланките Свои молња и и заповеда кого да удри.
33. Грмењето дава знак да се знае за неа; и добитокот чувствува што станува."

  Job (36/42)