Job (35/42)  

1. Продолжи пак Елијуј и рече:
2. "Мислиме ли дека е право тоа што рече: ‘мојата правда е поголема од Божјата?‘
3. Ти рече: ‘каква полза за мене и каква корист ке имам, ако не грешам?‘
4. Јас Kе ти одговорам и на тебе и на твоите пријатели:
5. Погледај кон небото и види; загледај се во облаците - тие се повисоки од тебе.
6. Ако грешиш, што ке Му направиш Нему? И ако товите престапи се умножуваат, што Му причинуваш Нему?
7. Ако си праведен, што Му даваш? Или што ке добие од раката твоја?
8. Твоајта нечесност може да му направи лошо на човекот како тебе; а твојата праведност може да му помогне на синот човечки.
9. Он многу насилници офкаат угнетените и од рацете на силните пиштат;
10. но никој не вели: ‘каде е Бог, мојот Создател, Кој дава песни ноке,
11. Кој не прави поразумни од земниот добиток и помудри од птиците небески?‘
12. Таму тие пиштат, поради гордоста на лошите лу е, но Он не ги услишува.
13. Бог не ги слуша гордите, и Вседржителот не гледа на нив.
14. Макар и да велиш дека не Го гледаш, но судот е пред Него, и - очекувај го.
15. А сега, бидејки гневот Негов те посети, а тоа не е ништо и Он не те испита со сета строгост,
16. затоа, Јов, лесномислено ја отвора устата своја и без размислување, неразумно говори."

  Job (35/42)