Job (34/42)  

1. Продолжи Елијуј и рече:
2. "Ислушајте го, мудри, зборот мој, и прикоонете го увото кон мене, разумни!
3. Зашто увото ги разбира зборовите, како што непцата го разликуваат вкусот на храната.
4. Да расудиме ме у себеси што е право и да познаеме што е добро.
5. Ете, Јов рече: ‘јас сум прав, но Бог ја отфрли мојата правда.
6. Треба ли да лажам против својата правда? Раната ми е неизлечива - рана без вина.‘
7. Има ли човек како Јова, којшто ги пие подигравките како вода,
8. кој другарува со оние што вршат беззаконие и оди со безбожни лу е?
9. Зашто тој беше рекол: - нема полза за човека да му угодува на Бога. -
10. И така, чујте ме, лу е разумни! Не може да има кај Бога зло или кај Вседржителот неправда.
11. Он постапува со човекот според делата негови и му помага да го најде патот свој.
12. Навистина, Бог не прави зло и Вседржителот не суди криво.
13. Кој, освен Него, размислува за земјата? И кој управува со вселената?
14. Ако Он го свртеше срцето Свое кон Себе и го земеше при Себе нејзиниот дух и нејзиното дишење, -
15. за миг ке загинеше секоја плот и човекот ке се вратеше во правот.
16. И така, ако имаш разум, чуј го ова и внимавај на зборовите мои.
17. Кој ја мрази правдата, може ли да господари? И можеш ли ти да Го обвинуваш Сеправедниот?
18. Може ли да му се каже на царот: ‘ти си никаквец‘, и на кнезовите: ‘вие сте беззаконици?‘
19. Но Бог не гледа и на лицата на кнезовите и не цени богат пред сиромав, зашто сите тие се дело на раката Негова.
20. Тие умираат ненадејно, и среде нок народот ке се вознемири и ке исчезне;
21. зашто неговите очи се над патиштата на човекот; Он ги гледа сите чекори негови.
22. Нема темнина, ниту смртна сенка, каде што би можеле да се сокријат оние што вршат беззаконие.
23. Никому не му го одложува времето кога ке му дојде да се суди со него.
24. Он ги уништува силните без испитување и поставува други на нивните места,
25. зашто Он ги знае нивните дела; кога настане нок - веке ги нема.
26. Ги поразува како беззаконици пред очите на другите,
27. поради тоа што отстапиле од Него и не ги разбрале Неговите патишта,
28. така што дојде до Него повикот од сиромасите, го слушна офкањето на угнетените.
29. Ако даде Он мир, кој може да вознемири? Ако го сокрие лицето Свое, кој може да Го види? А тоа бива за сиот народ и за еден човек,
30. за да не царува лицемерниот над народот и да нема стапица за народот.
31. На Бога треба да Му се каже: "Претрпев, нема повеке да грешам.
32. А она што јас не знам научи ме; ако сум направи беззаконие, нема повеке да правам."
33. Според твоето ли разбирање Он треба да плака? И бидејки ти отфрлуваш, на тебе останува да избираш, а не на мене; зборувај се што знаеш.
34. Умните лу е ке го кажат истото; мудрите ке се согласат со мене,
35. дека Јов умно не зборува и дека зборовите негови не се разумни.
36. Би сакал јас Јов наполно да биде испитан, според одговорите негови, зашто одговара како лоши лу е.
37. Инаку, кон гревот свој додава уште и беззаконие, плеска со рацете ме у нас и уште повеке ке говори против Бога."

  Job (34/42)