Job (33/42)  

1. "И така, слушај ги Јове, зборовите мои и внимавај на сите мои зборови.
2. Еве, ја отварам устата своја, јазикот ми говори во устата моја.
3. Зборовите мои се искрени од срцето мое, и устата моја ке искаже чиста вистина.
4. Духот Божји ме создал, и здивот на Вседржителот ми дал живот.
5. Ако можеш, одговори ми и застани спроти мене.
6. Еве ме мене, според твојата желба, место Бога. И јас сум направен од кал;
7. поради тоа стравот пред мене не може да те збуни, и раката моја нема да биде тешка за тебе.
8. Ти рече пред мене, и јас го чув гласот на твоите зборови:
9. ‘Чист сум, без порок, невин сум; во мене нема неправда;
10. А Он најде обвинение против мене и ме смета за Свој противник;
11. нозете ми ги стави на клада, ги надгледува сите мои патишта.‘
12. Ете, во тоа ти не си прав, ти одговарам; човекот со Бога не може да се мери.
13. Зошто ти е да се бориш против Него? Он не дава сметка за Своите дела.
14. Бог говори еднаш и двапати, но лу ето не внимаваат:
15. на сон, во нокно видение, кога сонот ги соборува лу ето, во време, кога спијат на своето легло,
16. тогаш Он му отвора на човекот увото и го запечатува Своето кажување.
17. за да го одвлече човекот од лошо дело, и да ја отстрани гордоста од него.
18. за да ја запази душата негова од бездна, и животот негов од пораз со меч.
19. Или, пак, го вразумува со болест на постелата негова, и со лута болка во сите коски негови, -
20. така што животот негов да се гади од лебот, душата негова од обичната храна.
21. Телото негово исчезнува; коските негови се подаваат, кои пред тоа не се гледале.
22. Душата негова се приближува кон гробот, а животот негов - до смртта.
23. Ако има кај него Ангел пазител, еден од иљада, за да му го покажува правиот пат, -
24. Бог би се смилувал над него и би рекол: ‘Ослободи го од гробот; јас најдов откуп.‘
25. Тогаш телото негово ке се подмлади повеке, отколку во млади години; и тој ке се врати во дните на младите свои години.
26. Kе Му се моли на Бога, и Он ке биде милостив спрема него; со радост ке го погледнува лицето негово и ке му ја врака праведноста негова.
27. Тој ке ги гледа лу ето и ке вели: ‘сум грешел и сум ја обвинувал правдата, и не ми се помогна;
28. Бог ја ослободи душата моја од гроб; животот мој гледа светлина.‘
29. Ете, сето тоа Бог му го врши два до трипати на човекот,
30. за да ја изведе душата негова од бездната и да го просвети со светлината на живите.
31. Внимавај, Јова, слушај ме, молчи, јас ке зборувам.
32. Ако имаш нешто да кажеш, одговарај; говори, зашто би сакал да те оправдам;
33. ако, пак, не тогаш слушај ме: молчи и јас ке те научам на мудрост."

  Job (33/42)