Job (31/42)  

1. "Завет направив со очите свои, за да не погледнам на девица.
2. Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата?
3. Не ли е за нечесниот погибелта? Нели е за безбожникот пропаста?
4. Не ги виде ли Он патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори?
5. Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство, -
6. нека ме измерат со мерката на правдата, и Бог ке ја дознае мојата непорочност.
7. Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се залепило за рацете мои,
8. јас нека сејам, а друг да јаде, и потомците мои искоренети да бидат.
9. Ако срцето мое се занесувало од жена и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој,
10. жената моја нека му меле на друг, и друг нека се подигрува со неа,
11. зашто тоа е престап, тоа е беззаконие, кое подлежи на суд;
12. тоа е оган, што гори до истребување, што би го уништил целиот мој имот.
13. Ако не водев грижа за правата на слугата и на слугинката, кога имаа спор со мене,
14. што ке правев, ако се кренеше Бог? И ако ме испитуваше, што ке можев да Му одговорам?
15. Нели Он, Кој ме создал мене во утробата, го создал и него и еднакво не обликувал во утробата?
16. Сум ја откажал ли молбата на оној што имал потеба, и сум ги просолзувал ли очите на вдовица?
17. Сам ли го јадев залакот свој, нели јадеше и сиракот од него?
18. Зашто од детството растел тој со мене како со татко, и од утробата на мајката негова сум го раководел јас.
19. Ако видев некој дека загинува без облека и сиромав без покрив, -
20. бедрате негови нели ме благословуваа и тој не ли биваше стопле со волната од овците мои?
21. Ако сум кренал рака врз сирак, кога ке видев, дека имам потпора пред портите,
22. рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот,
23. зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам.
24. Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‘ти си моја надеж‘?
25. Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спечалила многу?
26. Гледајки го сонцето, како свети, и месечината, како величествено оди,
27. се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста раката своја?
28. Тоа ке беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот.
29. Се радував ли за невољата на непријателот мој и се веселев ли кога го снао аше зло?
30. Не и дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата негова.
31. Не велеа ли лу ето од мојот шатор: ‘О, кој не се наситувал од неговите месни гозби?‘
32. Ту инец не нокеваше не улица; вратата своја ја отварав на патникот.
33. Да ги криев грешките свои пред лу ето и ако ги таев во градите своите престапи,
34. ке се плашев од големото мноштво, и од најмалиот во домот мој ке имав страв, па затоа молчев и не излегува надвор од вратата.
35. О, да имаше кој да ме ислуша! Еве ја мојата желба: Вседржителот да ми одговори, а заштитникот мој да состави запис за тоа;
36. ке го носев на рамениците мои и ке се украсував со него како со венец;
37. ке му го соопштев бројот на чекорите свои, ке се приближев до него како кнез.
38. Ако нивите мои викаа против мене, ако браздите нивни се поплакуваа од мене,
39. ако сум им ги јадел плодовите нивни бесплатно и сум ја измачувал душата на земјоделците,
40. тогаш место жито нека расте трње и место јачмен - какол." Зборовите Јовови свршија.

  Job (31/42)