Job (30/42)  

1. "А сега ми се потсмевнуваат помладите од мене, оние, чии татковци не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои.
2. И за што ми е силата на нивните раце? Над нив помина веке времето.
3. Истоштени од сиромаштија и глад, тие бегаа во рамнина безводна, темна и запустена;
4. Береа лобода кај дабовите дрвја, и смрекови корења им беа храна.
5. Ги гонеа лу ето и викаа по нив како по крадци.
6. Живееја во поточни долови, земни дупки и пештери.
7. Викаа ме у грмушките, се вовираа под трњето.
8. Лу е отфрлени, лу е безимени; подолни од земјата.
9. Ете, ним им станав јас сега песна и приказ за разговорот нивни.
10. Тие се гадат од мене, ме одбегнуваат и не се воздржуваат дури и да плукаат на мене.
11. Затоа што Бог ми ја одврза торбата за стрели и ме сотре; тие ја симнаа од себеси уздата пред лицето мое.
12. Оддесно се крева тој изрод, со нозете свои ми го стеснија патот за да ме погубат.
13. А мојот пат го разрушија; ги умножија моите маки; не ми е потребен помошник.
14. Доа аат кај мене како низ широк пролом; шумно се нафрлуваат врз мене.
15. Ужасно ме сполетаа; како ветар се расеа моето величие, и доброто мое одмина како облак.
16. Сега душата ми се топи во мене; мачни денови ме налегнаа.
17. Ноке ме вртат коските мои, жилите ми немаат мир.
18. Со голема мака се соблекува од мене облеката моја; јаката на мојот хитон ме задавува.
19. Он ме фрли во калта; станав како прав и пепел.
20. Викам кон Тебе, и Ти не ме слушаш, - стојам, а Ти само ме гледаш.
21. Ти стана жесток спрема мене, со силна рака ме поарзуваш.
22. Ти ме крена и ме натера да се носам по ветар и ме сотираш.
23. Знам, дека Ти ке ме дотераш до смрт, во домот каде што се собираат сите живи.
24. Вистина, Он нема да пружи рака врз домот на коските; ке викаат ли тие, кога ке бидат уништувани?
25. Зар не сум плачел за оној што беше во зло, дури чекав светлина, дојде темнина.
26. Додека го чекав доброто, дојде злото дури чекав светлина, дојде темнина.
27. Утробата моја врие без престан и не се смирува; мачни денови ми наидоа.
28. Одам поцрнет, но не од сонце; станувам во собранието и викам.
29. Станав брат на шакалите и пријател на нојевите.
30. Кожата ми поцрне на мене, а коските ми се исушија од горештина.
31. И гуслето ми стана тага, и свирките мои - глас плачевен."

  Job (30/42)