Job (3/42)  

1. Па почна Јов и рече:
2. Нека е проклет денот, во кој се родив, и нокта во која рекоа: - се роди дете!
3. Тој ден нека биде темнина; да не го побараше Бог одозгора и да не изгрееше над него светлина!
4. Да го затемнеше темнина и смртна сенка, црн облак да го покриеше, за да се плашат од него, како од врел сончев изгор!
5. Таа нок, - темнина да ја опфати, да не се смета ме у дните на годината, да не влезе во бројот на месеците!
6. Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна својот ден.
7. О, таа нок! Без лу е да беше; веселба да не влезеше во неа!
8. Нека ја проколнат оние, што го колнат денот, кои се способни да го разбудат левијатанот!
9. Нека потемнат sвездите во самракот; да ја чекаше светлината и таа да не дојдеше за да не ги види трепките на зората;
10. зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!
11. Зошто не без умрел кога сум се ра ал, и не бев издивнал - кога сум излегувал од утробата?
12. Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?
13. И сега ке лежев и ке почивав; ке спиев; и ке ми беше спокојно
14. заедно со царевите и земни советници, кои градеа пустињи за себеси,
15. или со кнезови, што имаа злато и кои ги полнеа домовите со сребро;
16. или, како пометниче закопано, немаше да ме има, како младенците што не виделе светлина.
17. Таму беззакониците престануваат да задаваат страв, таму почиваат изнемоштените.
18. Таму затворениците заедно се насладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.
19. Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.
20. Зошто на бедниците им е дадена светлина, и живот - на душевно огорчените,
21. кои ја очекуваат смртта, а ја нема, што ја бараат повеке отколку закопана драгоценост,
22. би се радувале до восхит, би се восхитиле, зашто нашле гроб?
23. Зашто му е дадена светлина на човекот, чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил?
24. Воздишките мои го испреваруваат лебот мој, офкањата мои течат како вода,
25. зашто страшното, од што се ужасував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета.
26. Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло."

  Job (3/42)