Job (29/42)  

1. Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:
2. "О, да бев, како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме пазеше,
3. кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина;
4. како што бев во деновите на своите млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој,
5. кога Вседржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене,
6. кога патиштата мои се облеваа со кравјо масло, а горите мои лееја млеко,
7. кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, -
8. младите, кога ке ме здогледаа, се оттргнуваа, а старците стануваа и стоеја;
9. кнезовите се воздржуваат да говорат и ставаа прст на устата своја;
10. гласот на првенците замолкннуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни.
11. Уво, што ке ме чуеше, ме ублажуваше; око, што ке ме видеше, ме восфалуваше,
12. зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак.
13. Врз мене доа аше благословот на оној што пропа аше; на вдовичиното срце му донесував радост.
14. Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка, како мантија и превез.
15. Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот;
16. за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев.
17. На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото.
18. Па си велев: ‘Kе свршам во гнездото свое, и дните мои ке бидат многу - како песокта.‘
19. Коренот мој беше покрај вода, росата нокеваше на гранките мои;
20. славата моја се подмладуваше, и лакот мој стануваше појак во раката моја.
21. Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој.
22. По моите зборови веке не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив.
23. Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд.
24. Се случуваше, ке им се насмевнев, - тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа.
25. Кога одев кај нив, седев не чело; и живеев како цар ме у војници, како утешител на оние што плачат."

  Job (29/42)