Job (28/42)  

1. "И така, среброто си има исходна жила, и златото - место, каде што го пречистуваат.
2. Железото се добива од земјата; од камен се претопува бакар.
3. Човекот определува предели во темнината и грижливо бара камен во мракот и во смртната сенка.
4. Ископуваат рудокопен извор во места, недостапни за нога, нишајки се висат далеку од лу ето.
5. Од земјата никнува жито, а под неа се е испревртено, како оган.
6. Во камењата нејзини има место за сафир, во нив има и златни зрнца.
7. Патеката за таму граблива птица не ја знае, јастребовото око не ја видело;
8. sверки мали не ја газеле, и не одле по неа лав.
9. Не гранит ја става човек раката своја, од дното превртува гори;
10. во карпи пресечува извори, и окото негово гледа се што е скапоцено;
11. го запира текот на реките и сокриеното го вади на видело.
12. Но каде се нао а мудриста, и каде е местото на разумот?
13. Не ја знае човекот цената нејзина, ниту се нао а по земјата на живите.
14. Бездната вели: - не е во мене таа: - и морето вели: - не е кај мене -.
15. Таа не се дава за злато и не се добива за измерено сребро;
16. таа не се оценува со офирско злато, ниту со скапоцен оникс, ниту со сафир;
17. не се споредува со неа злато и кристал; нема да ја размениш со садови од чисто злато.
18. А за корал и бисер нема што ни да се спомнува, зашто здобивање со мудрост чини повеке од рубини.
19. Со неа не се изедначува етиопскиот топаз; со чисто злато таа не се оценува.
20. Од каде, всушност, излегува мудроста? Каде е местото на разумот?
21. Сокриена е таа од очите на се што е живо и притаена е од птиците небески.
22. Погубноста и смртта велат: ‘со ушите свои го чувме мрморењето за неа.‘
23. Бог го знае патот нејзин; Он го познава местото нејзино.
24. Зашто Он гледа до крајот на земјата и гледа под целото небо.
25. Кога Он му даваше на верерот мерка и ја наместуваше водата по мера,
26. кога му даваше наредби на дождот и пат на громоносната молња,
27. уште тогаш Он ја виде и ја објави, ја приготви и уште ја испита.
28. А на човекот му рече: "Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето од зло е разумот."

  Job (28/42)