Job (27/42)  

1. Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:
2. "Жив е Бог, Кој ме лиши од студ, и Вседржителот, Кој ја огорчи душата моја,
3. зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои,
4. устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да искаже лага!
5. Далеку од мене да ве признаам за справедливи; додека не умрам, нема да отстапам од својата справедливост.
6. Цврсто ја држев правдата своја и нема да ја пуштам; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои.
7. Непријателот мој ке биде како безбожник, и оној што станува против мене - како беззаконик.
8. Зашто, каква надеж за лицемерниот, кога Бог ке ја земе, кога ке ја истргне душата негова?
9. Kе го чуе ли Бог викањето негово, кога ке го снајде невоља?
10. Kе се утешува ли тој со Вседржителот и ке Го повикува ли Бога во секое време?
11. Kе ви кажем што има во раката Божја; нема да сокријам што има кај Вседржителот.
12. Ете, сите сами видовте; па зошто толку празни зборови кажувате?
13. Ете, тоа е делот од Бога за беззаконикот и наследство кое насилниците го добиваат од Вседржителот.
14. Ако синовите негови се умножуваат за меч; потомците негови нема да се наситат со леб.
15. Оние што ке останат по него смртта ке ги турне во гроб, вдовиците нивни нема да плачат по нив.
16. Да натрупа и сребро како прав и да приготви многу облека,
17. тој ке приготви, но ке се облекува праведникот, а непорочниот ке го добие среброто како свој дел.
18. Си гради кука како молец и како чувар си прави колиба;
19. лиегнува да спие богат, и не станува таков; отвора очи, и не е повеке тој.
20. ужаси како голема вода ке го стигнат; ноке ке го грабне луња.
21. Kе го крене источниот ветар и виор ке го понесе, и брзо ке го однесе од местото негово.
22. Бог ке го допушти тоа врз него и нема да го пожали, колку и да се труди да избега од рацете Негови.
23. Kе заплескаат со рацете по него и ке му потсвирнат од местото негово!"

  Job (27/42)