Job (26/42)  

1. Одговори на тоа Јов и рече:
2. "Како му помогна Ти на бессилниот, како ја поддржа мишката на слабиот!
3. Каков совет му даде Ти на немудриот и како наполно ја објасни целата работа!
4. Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од Тебе?
5. Исполините треперат под водите, и по оние што живеат во нив.
6. Пеколот е откриен пред Него, и нема покривка над пеколот.
7. Го послал Он северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.
8. Он ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора.
9. Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак.
10. Ставил црта над водната површина додека не дојде крајот на светлината и темнината.
11. Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова.
12. Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово.
13. Неговиот Дух му дал велелепност на небото; раката Негова ја создала змијата што ползи.
14. Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата мок?"

  Job (26/42)