Job (25/42)  

1. Проговори пак Вилдад од Сува и рече:
2. "Власт и страв има во Него; Он создава мир во Своите висини!
3. Имаат ли број Неговите војски? И врз кого не изгрева светлината Негова?
4. И како може човекот да биде прав пред Бога? Како да биде чист родениот од жена?
5. Ете, дури и месечината, и таа не е светла, и sвездите се нечисти пред очите Негови.
6. А камоли човекот, кој е црв, и синот човечки, кој е молец."

  Job (25/42)