Job (24/42)  

1. "Зошто не се сокриени од Вседржителот времињата? И оние, кои Го знаат, не ги гледаат дните Негови?
2. Безбожниците поместуваат ме и, ограбуваат стада и си ги пасат,
3. од сираците одземаат осел, од вдовица вол - за залог;
4. сиромаси истуркуваат по патот, сите понизени се принудени да се кријат од нив.
5. Ете, како диви осли во пустиња, излегуваат тие по работата своја, стануваат рано за грабеж; пустињата им дава леб за нив и за децата нивни;
6. жнеат по ту и ниви, и берат грозје во ту и лозја;
7. многу голи нокеваат без покрив и без облека на студ;
8. наводенети од горски дождови и, немајки прибежиште, се притискаат до карпи;
9. раздвојуваат сираче од градите на мајката и земаат залог од сиромав;
10. ги тераат да одат голи, без облека, и они што носат снопови - ги оставаат да гладуваат;
11. оние што маслиновиот елеј им го цедат, они што грозје во каците нивни гмечат - ги измачуваат со жед.
12. Во градот лу ето офкаат и душата на убиваните вика, и Бог не го забранува тоа.
13. Тие и се противат на светлината, не ги знаат патиштата нејзини и не одат по патеките нејзини.
14. На разденување станува убиецот, убива сиромав и беден, а ноке е крадец.
15. И окото на прељубникот чека да се стемни, велејки: ‘ничие око нема да види,‘ - и го покрива лицето свое.
16. Во темнината се провираат под куките, оние што дење ги забележиле; не знаат за светлина.
17. Утрото за нив е смртна сенка, бидејки им се позанти ужасите на смртната сенка.
18. Лесен е таквиот на водната површина, проклет е делот негов на земјата, и не го гледа патот кон лозјата.
19. Како што сушата и горештината ја голтаат снежната вода; така пеколот ги голта грешниците.
20. Нека го заборави утробата мајчина; нека биде храна за црвите; нека не остане помен за него; како дрво ке се крши беззаконикот;
21. оној кој угнетува бездетна, и на вдовица не и прави добро.
22. Тие и силните ги ограбуваат со својата сила; остане ли некој, нема надеж за животот свој.
23. Бог им дава во што да се надеваат, но Неговите очи ги гледаат нивните патишта.
24. Се креваат високо, - и, ете, веке ги нема; па аат и умираат, како и сите, и како врвовите на класовите се кршат.
25. Ако тоа не е така, - кој ке ме изобличи за лагата и кој ке ги претвори во ништо зборовите мои?"

  Job (24/42)