Job (23/42)  

1. Одговори Јоф и рече:
2. "Дури и сега зборот мој е горчлив, страдањата мои се потешки од воздишките мои.
3. О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов!
4. Би го изложил пред Него моето дело и би ја наполнил устата своја со оправдание;
5. ке ги дознаев зборовите, со кои Он ми говореше, ке разберев што ке ми кажеше.
6. Зар Он, Сесилниот, би зел да се спори со мене? О, не! Туку би ми помогнал.
7. Тогаш праведникот би можел да се оправда пред Него, - и јас засекогаш би се ослободил од својот Судија.
8. Но, ете, јас одам напред - а Него Го нема, назад се вракам - и не Го нао ам;
9. врши ли Он нешто на левата страна, јас не Го гледам.
10. Но, ако го знае патот мој, нека ме испита, - ке излезам како злато.
11. Ногата моја здраво се држи за патеките Негови; патиштата Негови ги пазев и не се отстранував.
12. Од заповедите на устата Негова не отстапував; зборовите на устата Негова ги пазев повеке отколку моите правила.
13. Но Он е силен; кој ке Го отстрани? Он го прави она што го сака душата Негова.
14. Он ке го направи она што го наумил за мене, слично на тоа во Него има многу.
15. Затоа јас треперам пред лицето Негово; кога мислам за тоа - се плашам од Него.
16. Бог ме обесхрабри, Вседржителот ме уплаши.
17. Зошто не сум уништен пред оваа темнина? Зошто со мрак го прекри лицето мое!"

  Job (23/42)