Job (22/42)  

1. Проговори тогаш Елифаз од Темна и рече:
2. "Зар човек може да му биде користен на Бога? Човекот сам за себеси е мудар.
3. Се радува ли Вседржителот затоа што си праведен? И ке има ли корист за Него, затоа што ги држиш непорочни патиштата Негови?
4. Зар Он, плашејки се од тебе, ке влезе во борба со тебе, ке појде ли да се суди со тебе?
5. Навистина, твојата злоба е голема, и беззаконијата твои крај немаат.
6. Навистина, ти земаше залог од браката свои за ништо и на полуголи им ги соблекуваше алиштата нивни.
7. На измачен од жед не му даваше вода, да се напие, а на гладен леб му откажуваше;
8. а на силен човек му даваше земја, и повидниот се населуваше на неа.
9. Вдовиците ги испракаше без ништо, и сираците ги оставаше со празни раце.
10. Затоа околу тебе има стапици, и неочекуваниот ужас те збунува.
11. Темнина е околу тебе, во која ништо не гледаш и голема вода те покрива.
12. Бог не ли е повисоко од небесата? Погледај ги горе sвездите, колку се високо тие!
13. И ти велиш: ‘што знае Бог?‘ Може ли Он да суди во мрак?
14. Облаците се Негови завеса, така што не гледа, туку само оди по небесниот кург.
15. Зар ти не одиш по патот на старите, по кој оделе беззакониците,
16. а кои предвреме беа истребени, кога водата се беше разлеала под основите нивни?
17. Тие му велеа на Бога: ‘отстрани се од нас! Што ке ни направи Вседржителот?‘
18. Он ги полнеше со богатство куките нивни. - Но далеку да е од мене советот на нечестивите!
19. Kе видат праведници и ке се радуваат, а непорочните ке им се потсмеваат.
20. Зар не пропадна имотот нивни, а остатокот оган го гори.
21. Зближи се со Него - и ке бидеш спокоен; преку тоа ке ти дојде доброто.
22. Прими го од устата Негова законот и стави ги зборовите Негови во срцето свое.
23. Ако се обрнеш кон Вседржителот, одново ке се средиш; ке го отстраниш беззаконието од шаторот свој
24. и ке ја фрлиш драгоценоста во прав, и по поточните камења - офирско злато.
25. Вседржителот ке биде за тебе помошник, ке те направи чист како блескаво сребро.
26. Зашто тогаш ке се радуваш за Вседржителот, ке го кренеш лицето свое кон Бога.
27. Kе Му се молиш, и Он ке те чуе, и ти ке ги исполниш заветите свои.
28. Kе наумиш нешто, и тоа ке се исполни, над твоите патишта ке свети светлина.
29. Кога некој ке биде понизен, ке речеш: ‘угоре!‘ и Он ке го спаси оној со наведнатото лице;
30. ке го спаси и виновниот; а ке го спаси преку чистотата на твоите раце."

  Job (22/42)