Job (20/42)  

1. Проговори Софар и рече:
2. "Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам.
3. Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ке одговори за мене.
4. Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, - откога е човекот поставен на земјата,
5. дека славата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на лицемерниот е за миг?
6. И до небесата да се издигне величието негово, и до облаците да се допира главата негова, -
7. тој засекогаш ке пропадне, како и гадотиите негови; оние што го виделе, ке кажат: - каде е тој?
8. Како сон ке одлета, и нема да го најдат; како нокно привидение ке исчезне.
9. Кое око го видело, повеке нема да го види, и местото негово повеке нема да го зебележи.
10. Синовите негови ке им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ке го вратат она што го ограбил
11. Коските негови се полни со гревови на младините негови, со него ке легнат тие во земјата.
12. Ако злото е слатко во устата негова, и тој го крие од јазикот свој,
13. го чува и не го фрла, туку го држи во устата своја, -
14. сепак таа храна во утробата негова, внатер во него, ке се пртвори во змиски отров.
15. Kе го изблуе доброто што го голтнал: Бог ке го исфрли од стомакот негов.
16. Змиски отров ке смука тој; јазикот на змијата ке го умртви.
17. Нема да види потоци и реки од мед и млеко.
18. Спечаленото со труд ке го врати, нема да го изеде; според имотот негов ке стане и плакањето негово; и тој нема да се зарадува.
19. Зашто јадеше и ги напа аше сиромасите; заграбуваше куки што не ги беше градел;
20. не знаеше ситост во стомакот свој, и во жедта своја ништо не штедеше.
21. Ништо не се откинуваше од лакомоста негова, затоа и радоста негова нема долго да потрае.
22. При полно изобиле, тесно ке му биде; рацете на сиромасите ке се кренат врз него.
23. Кога има со што да го наполни стомакот негов, Тој ке ја примени врз нега јароста на Својот гнев и ке истури како дожд врз него болести во телото негово.
24. Kе избега ли од железното оружје, - бакарен лак ке го прободе.
25. Пуштената стрела ке мине низ телото негово, ке излезе со својот болскав врв низ жолчката негова; ужасите не смртта ке се нафрлуваат врз него!
26. Се што е мачно и сокриено во него, ке го гори оган, од никого не раздуван; зло ке ги снајде и другите во шаторот негов.
27. Небото ке го открие беззаконието негово, а и земајта ке се крене против него.
28. Kе исчезне богатството на куката негова; се ке се растури во денот на гневот Божји.
29. Тоа е делот од бога за беззакониот човек и наследство, определено за него од Вседржителот!"

  Job (20/42)