Job (2/42)  

1. Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господа; ме у нив дојде и сатаната да застане пред Господа.
2. И му рече Господ на сатаната: "Од каде дојде?" Му одговори сатаната на Господа и рече: "Одев по земјата и ја обиколив."
3. Тогаш му рече Господ на сатаната: "Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема таков како него: човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото, и уште цврсто се држи во својата непорочност, иако ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина."
4. Му одговори сатаната на Господа и рече: "Кожа за кожа, а за животот свој чвеок ке даде и се што има;
5. но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, - ке Те благослови ли и тогаш?"
6. И му рече Господ на сатаната: "Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја."
7. Си отиде сатаната од лицето Господово и го порази Јова со лута рана - од стапалките на нозете негови до самото теме негово.
8. И си зеде Јов тогаш цреп за да се чеша со него, и седеше на буништето надвор од градот.
9. И му рече неговата жена: "Зар си уште цврст во добротата своја. Навреди Го Бога и умри!"
10. Но тој и рече: "Говориш како безумна. Зар доброто го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?" - Во сето тоа Јов не згреши со устата своја.
11. Слушнаат тројцата пријатели Јовови за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Темна и Вилдад од Сува и Софар од Нам; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат.
12. И кога кренаа очите од далеку, тие не го познаа; па викаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои.
13. И седеа со него на земјата седум дена и седум ноки: никој ни збор не му проговори, бидејки гледаа оти страдањето му беше многу големо.

  Job (2/42)