Job (19/42)  

1. На тоа одговори Јов и рече:
2. "До кога ке ја мачите душата моја? До кога ке ме измачувате со зборови?
3. Ете, веке десетпати ме посрамувате, и не ли ви е срам да ме измачувате?
4. Ако сум и навистина згрешил, грешката моја останува за мене.
5. Ако, пак, сакате да се големеете над мене и да ме прекорувате со мојот срам,
6. знајте, дека Бог ме собори и со мрежата Своја ме обвитка.
7. Ете, јас викам: - неправда! - и никој не слуша; врескам, и суд нема.
8. Он ми го загради патот, и не можам да минам, и врз патеките ми спушти мрак.
9. Ја соблече од мене славата моја и го симна венецот од главата моја.
10. Од сите страни ме сосипува, и јас одам, и како дрво Он ја истргнува надежта моја.
11. Го разгори гневот Свој против мене и ме вбројува ме у Своите непријатели.
12. Војските Негови дојдоа заедно, се упатија кон мене и се сместија околу шаторот мој.
13. Браката мои Он ги оддалечи од мене; и оние, што ме познаваат, се отстрануваат од мене.
14. Ме напуштија блиските мои, ме заборавија познатите мои.
15. Оние што најдоа поткрепа во куката моја и слугите и слугинките мои ме сметаат за ту ; надворешен станав во нивните очи.
16. Го викам слугата свој, и тој не се одsива; со устата своја треба да го молам.
17. Воздишката моја и дотежна на жената моја, и треба да ја молам заради децата на утробата нејзина.
18. Дури и малите деца ме презираат; кога станам тие се подигруваат со мене.
19. Од мене се гнасат моите најверни пријатели, и оние, што ги сакав, - се свртија против мене.
20. Коските ми се залепија за кожата моја и телото мое, и јас останав со кожа само околу забите мои.
21. Смилувајте се, смилувајте се над мене, пријатели мои, - зашто раката Божја се допре до мене.
22. Зошто ме гоните и вие како Бог, и со телото мое не можете да се наситите!
23. О, да беа зборовите мои напишани! да беа ставени на книга!
24. Со железно длето и со олово, - да беа на вечни времиња врз камен издлабени!
25. Но јас знам, Искупителот мој е жив, и Он во последниот ден ке ја крене мојата гнилежна кожа.
26. И јас во телото мое ке го видам Бога.
27. Јас сам ке го видам; моите очи, не очите на друг, ке Го видат. Срцето ми се топи во градите мои!
28. Вам ви се допа аше да кажете: - зошто го гониме! - Како да е коренот на злото најден во мене.
29. Плашете со од мечот, зашто мечот се одмаздува за неправда, а знајте дека има и суд."

  Job (19/42)