Job (18/42)  

1. Проговори Вилдад од Сува и рече:
2. "Кога најпосле ке им ставиш крај на таквите зборови? Размисли се, па потоа да зборуваме.
3. Зошто не сметаш за неразумни животни! Зар сме животни во твоите очи?
4. О ти, кој во гневот свој, ја раскинуваш душата своја! Зарем заради тебе да запустее земјата и карпата да се крене од своето место?
5. Да, светлината кај беззаконикот ке згасне, и искрата од огнот негов нема да остане.
6. Светлината ке потемнее во шаторот негов, светилото негово ке згасне над него.
7. Стапките не силата негова ке ослабеат, сопствената мисла ке го отфрли,
8. зашто ке падне во стапица со нозете свои, и по мрежи ке оди.
9. Стапицата ке ја фати ногата негова и грабач ке го улови.
10. Скришно се поставени за него стапици на патот, по кој оди.
11. Ужаси од секаде го демнат и тој се метка наваму - натаму.
12. Од глад се истоштува силата негова, смртта е готова, близу е до него.
13. Kе ги испојаде деловите на телото негово, ке ги испојаде жилите негови првенецот на смртта.
14. Од шаторот негов ке се искорне неговата надеж; и тоа ке го одведе при царот на ужасите.
15. Kе се населат во шаторот негов, бидејки тој веке не е негов: живеалиштето негово ке биде посипано со сулфур.
16. Одоздола се сушат корените негови, одозгора ке овенат ветките негови.
17. Споменот за него ке изчезне од земјата, на плоштадот ке го нема името негово.
18. Kе го изгонат од светлина во темнина и ке го избришат од лицето на земјата.
19. Ни син негов, ни внук нема да има во народот негов: никој нема да остане во живеалиштата негови.
20. За денот негов ке се ужасат потомците, а современиците ке бидат обземени од трепет.
21. Такви се живеалиштата на беззаконикот, и такво е местото на оној, кој не знае за Бога."

  Job (18/42)