Job (17/42)  

1. "Дишењето ми ослабна; дните мои гаснат; гробишта има пред мене.
2. Да не беше нивниот потсмев, тогаш и покрај нивните приговори окото мое ке беше спокојно.
3. Заштити ме, заложи се Сам за мене пред Себе! Инаку, кој ке се заложи за мене?
4. Зашто Ти го затвори срцето нивно за да не можат да разбираат, и затоа нема да им дозволиш да ликуваат.
5. Кој им го дели на пријателите свои имотот свој, на неговите деца очите им истечуваат.
6. Он ме прави приказ кај лу ето и секој може в лице да ми плукне.
7. Окото мое од тага ми потемне, а рацете и нозете од слабост ми треперат.
8. Праведните ке се зачудат на тоа и невините ке негодуваат против беззакониците.
9. Но праведникот ке се држи цврсто за својот пат, и чистиот во рацете се повеке и повеке ке се зацврстува.
10. Вратете се сите вие и одете си; нема да најдам мудар ме у вас.
11. Дните мои изминаа; мислите мои - тежина на срцето мое - се разбиени.
12. Во нокта најцрна нов ден се приближува, се приближува сетлината што темнината ја гони.
13. А мојата надеж е да појдам во гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја;
14. на гробот ке му речам: ти си ми татко, а на црвот - ти си мајка и сестра.
15. Каде е надежта моја? И кој некогаш ке го види доброто што го очекувам?
16. Kе слезе таа во пеколот и заедно во правот ке почива со мене."

  Job (17/42)