Job (16/42)  

1. Одговори Јов и рече:
2. "Јас сум слушал многу такви работи; немили утешители сте сите вие!
3. Kе имаат ли крај празните зборови? И што те поттикнало да ми говориш така?
4. И јас можев да зборува исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас;
5. би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве утешувал.
6. Ако говорам, скрбта моја не се сталожува; ако замолчам, зар ке ми одмине?
7. Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад.
8. Ти ме покри со брчки, за сведоштво против мене; мојата изнуреност се крева против мене, в лице ме прекорува.
9. Гневот негов се измачува и непријателствува против мене, ми скрца со забите; непријателот ги впива очите во мене.
10. Ја отвориле устата против мене; навредувајки ме удираат по усните; сите направиле заговор против мене.
11. Бог ме предаде на беззаконите и ме предаде во рацете на нечестивите.
12. Си бев спокоен, но Тој ме потресе; ме фати за вратот, ме затересе и ме постави за цел на Себеси.
13. Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жолчката моја,
14. пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец.
15. Врекиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја.
16. Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка,
17. Во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста.
18. Земјо! Не криј ја крвта моја, та за мојот повик да нема место.
19. И сега, ете, на небото сведок имам, Застапникот ми е во висините!
20. Нека ја прими молитвата моја Господ и нека солзи окото мое пред Него.
21. О, да можеше човек да се бори со Бога, како синот човечки со својот ближен!
22. Зашто крајот на годините мои ми доа а; на пат без вракање треба да појдам."

  Job (16/42)