Job (15/42)  

1. Проговори Елифаз од Темна и рече:
2. "Kе одговара ли мудриот со празни знаења и ке го полни ли стомакот свој со врел ветар?
3. Kе се оправдува ли со бескорисни зборови, и со зборови, што немаат никаква сила?
4. Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш.
5. Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите.
6. Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе.
7. Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден?
8. Зарем си ги слушал тајните Божји и за се мудрост си придобил?
9. Што знаеш ти, што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас?
10. Ме у нас има и седокоси, и старци, коишто според деновите го надминуваат татко ти.
11. Зар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови?
12. Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш?
13. Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови?
14. Што е жив човек, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен?
15. Ете, Он и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи:
16. толку повеке е нечист и разтлеен човекот, којшто го пие беззаконието како вода.
17. Јас ке ти говорам, слушај ме; ке ти раскажам она што сум видел,
18. што го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои,
19. на кои им била дадена оваа земја, каде ту инец никогаш не стапнал.
20. Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот;
21. звук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, погубникот налетува на него.
22. Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч.
23. За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт.
24. Го плаши нуждата и теснотијата; го надвива; како цар, готов за бој,
25. затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Вседржителот,
26. се спиштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови;
27. затоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои.
28. И тој се населува во разурнати градови, во куки, каде што не се живее; и што приготвил за себе други ке однесат.
29. Тој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ке се рашири по земјата.
30. Нема да избега од темнината; пламен ке ги исуши ветките негови, и со дување пламен од уста ке изчезне.
31. Заблудениот нека не и се доверува на суетата, затоа што суетата ке биде и платата негова.
32. Тој предвреме ке умре, и ветките негови никогаш нема да се зеленеат.
33. Kе го фрли тој како лоза неузреаното грозје свое, како маслинка ке го истресе цветот свој.
34. Така ке опустее домот на нечестивиот, и оган ке ги голтне шаторите на поткупништвото.
35. Тој зачна зло и роди лага, во утробата негова подготвува измама."

  Job (15/42)