Job (13/42)  

1. Ете, сета тоа окото мое го виде, увото мое го чу и го забележав за себеси.
2. Колку што знаете вие, знам и јас; не сум подолу од вас.
3. Но јас кон Вседржителот би сакал да говорам, би сакал со Бога да се соочам.
4. А вие сте ковачи на лаги; сите вие сте бескорисни лекари.
5. О, само да бевте молчеле! Тоа би ви се сметало за мудрост.
6. Ислушајте ги моите расудувања и проникнете во изразот на устата моја.
7. Требаше ли да говорите заради Бога неправда и заради Него да говорите лага?
8. Требаше ли да бидете лицепријатни кон Него и за Бога така да се препирате?
9. Добри ли ке биде, Он да ве испитува? Kе Го измамите ли како што го измамуваат човекот?
10. Он строго ке ве казни, иако скришно лицемерите.
11. Зар големината Негова не ве плаши, и страв од Него не ве обзема ли?
12. Вашите забелешки прилегаат на пепел; вашата одбрана е глинена ограда.
13. Молкнете пред мене, а јас ке говорам, што и да ме снајде.
14. Зар јас самиот да си го раскинувам со забите телото свое? И душата своја да си ја ставам в рака?
15. Ете, Он може да ме убие, но јас ке се надевам; би сакал само однесувањето мое пред лицето Негово да го оправдам.
16. И тоа ми е веке за спасение, бидејки безбожник нема да се јави пред лицето Негово.
17. Ислушајте ги внимателно зборивите мои и објасненијата мои со ушите ваши.
18. Ете, започнав судска постапка; знам дека ке бидам прав.
19. Кој има сила да ме надвие? Потоа ке молкнам и ке го испуштам духот.
20. Само две работи не прави со мене, и тогаш јас нема да се кријам од Твоето лице;
21. тргни ја од мене раката Своја, и Твојот ужас да не ме потресува.
22. Тогаш прашувај ме, и јас ке одговарам; или јас да прашувам, а Ти да одговараш.
23. Колку се пороците и гревовите мои? Покажи ми го беззаконието мое и гревот мој.
24. Зошто го криеш сега лицето Свое од мене и ме сметаш за Твој непријател?
25. Зошто со страв го мачиш од ветрот скинатиот лист, зошто ја гониш сувата сламка?
26. Зошто пишуваш против мене горчливи пресуди и ми ги сметаш гревовите на младоста моја,
27. ги тураш во клада нозете мои и ги демнеш сите мои патишта, - ги испитуваш трагите на нозете мои?
28. Животот мој како изгниено дрво се распа а, како облека од молци изедена."

  Job (13/42)