Job (12/42)  

1. Пак одговори Јов и рече:
2. "Само вие ли сте лу е, и со вас ли ке исчезне мудроста!
3. И јас знам да мислам како вас; и во ништо не сум подолен од вас; и кој не го знае истото тоа?
4. за потсмев станав јас на пријателот свој, јас што го повикував Бога, и Кој ми одговараше, - за потсмев е - праведниот и непорочниот човек.
5. Несрекниот треба да се презира - тие мислат, да се удира по оној, чии нозе се сопнуваат.
6. Спокојни се шаторите на крадците и безопасни на оние што Го гневат Бога, ним Бог им дава се.
7. Но, прашај го добитокот, и ке те научи; запрашај ја небеската птица, и ке ти објасни.
8. Гуштерите ке те поучат, ке ти кажат и морските риби.
9. Кое од сите созданије не знае, дека раката на Господа го создала?
10. Но Неговата рака е душата на се што е живо и духот на секоја човечка плот.
11. Нели увото ги разбира зборовите, и нели јазикот го распознава вкусот на храната?
12. Кај старците има мудрост, а кај долговечните - разум.
13. Но во Него има мудрост и сила, Негови се решението и разумот.
14. Она што Он ке разурне, нема да се изгради: кого Он ке заговори, нема да се ослободи.
15. Да ги запре водите, и се ке се исуши; да ги пушти, и земјата ке ја разрушат.
16. Во Него е силата и сета мудрост, пред Него е оној, што е заблуден, и оној што воведува во заблуда.
17. Он ги приведува советниците во необмисленот и ги прави судиите безумни.
18. Он ги лушува царевите од власт и го врзува со јаже крстот нивни;
19. на кнезовите им го одзема достоинството и силните ги кутнува;
20. им го одзема јазикот на гордите и ги лишува од разум старците;
21. ги покрива со срам славните и јас ослабнува силата на мокните:
22. ја открива темнината во длабините и ја вади на видело смртната сенка;
23. ги издигнува народите и ги истребува; ги распрснува и ги собира;
24. им го одзема умот на кнезовите земни и ги упатува на безпатна пустиња:
25. со пипање одат тие по темнина, без светило, и скитаа како пијани.

  Job (12/42)