Job (11/42)  

1. Потоа проговори Софар од Нам и рече:
2. "Зар на многу зборови не може да се даде одговор, и зар многузборливиот човек е прав?
3. Твоето празнословие ке ги натера ли лу ето да молчат, за да се потсмевнуваш ти, та да нема кој да те засрами?
4. Ти рече: расудувањето ми е правилно, и јас сум чист во Твоите очи.
5. О, да проговореше Бог, да ја отвореше устата Своја кон тебе
6. и да ти ги откриеше тајните на мудроста, дека тебе ти се па а двојно повеке да понесеш! И така, знај, оти Бог за тебе предаде на заборав некои од твоите беззаконија.
7. Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш? Можеш ли да го достигнеш совршенството на Вседржителот?
8. Он е повисок од небесата, - што можеш да направиш? Подлабок е од пеколот, - што можеш да дознаеш?
9. Подолга од земјата е мерката Негова и поширока од морето.
10. Ако преиначи и затвори некого во окови и го изведе на суд, кој ке Му забрани.
11. Зашто Он ги знае оние што лажат и го гледа беззаконието; ке го остави ли без презир?
12. Но и суетниот човек се опаметува; дивото осле на узда се покорува.
13. Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него,
14. ако порокот од раката своја го отфрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори,
15. тогаш ке го кренеш неизвалканото лице свое, ке бидеш цврст и нема да се плашиш.
16. Тогаш ке ја заборавиш тагата: како за истечена вода ке се секаваш за нив.
17. И животот твој ке почне појасно од пладне; како утро ке светнеш.
18. Во надежта своја ке бидеш спокоен, ограден, ке почиваш во мир.
19. Kе легнеш и не ке има кој да те заплашува; мнозина ке ти се умилкуваат.
20. А очите на беззакониците ке изгаснат, прибежиштето нивно ке пропадне, а надежта нивна ке биде исчезнувањето."

  Job (11/42)