Job (10/42)  

1. И дотегна на душата моја мојот живот; ке се предадам на тагата своја; ке говорам со горчината на душата своја.
2. Kе му речам на Господа: "Не ме обвинувај; кажи ми зошто се бориш со мене?
3. Мило ли тие е да ме измачуваш, да го презираш делото на рацете Свои, а намерите на нечесните да ги помагаш?
4. Зар имаш телесни очи? Гледаш ли како што гледа човек?
5. Зар Твоите дни се како дните на смртните, или Твоите години се како дните на човек,
6. та бараш порок во мене и бараш грев во мене,
7. макар што добро знаеш дека сум невин и дека нема кој да ме спаси од раката Твоја?
8. Твоите раце ме создале и ме оформиле, и Ти сега од сите страни ме поништуваш?
9. Сети се дека како глина си ме замешал, та пак ли во прав ке ме претвориш?
10. Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење?
11. Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна,
12. живот и милост ми дарува, и Твојат грижа го чуваше духот мој?
13. Но и тоа во срцето Свое го криеше, знам дека тоа е во Тебе,
14. дека, ако згрешам, Ти ке забележиш и нема да го оставиш гревот мој без казна.
15. Ако сум виновен, тешко ми мене! Ако сум прав, не ке смеам да кренам глава. Од срам сум скршен, гледајки ја маката своја.
16. Ако се исправам, како лав ме гониш, силата Своја на мене ја покажуваш со чудеса.
17. Обвинувања нови подигаш против мене; го засилуваш гневот Свој против мене; со нови сили се креваш против мене.
18. И зошто ме изведе од утробата? Да бев умрел кога ничие око уште не ме беше видело;
19. о, да бев пренесен од утробата во гроб, како да ме немало!
20. Нели се малку деновите мои? Остави ме уште малку да се радувам,
21. пред да појдам на пат без вракање - во земјата на темнината и смртната сенка,
22. во земјата на густата темнина, каде што нема уредба, каде што светлината е слична на најцрната нок."

  Job (10/42)