Jeremiah (9/52)  

1. О, кој ке даде на главата моја вода и на очите мои - извор на солзи? Јас бев плачел ден и нок за убиените на керката на мојот народ.
2. О, кој би ми дал во пустињата последен престој! Би го оставил мојот народ и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, собир на престапници.
3. Како лак го запнуваат јазикот свој за лаги, со неправда се засилуваат на земјата; зашто минуваат од едно зло на друго и Мене не Ме поснаваат, вели Господ.
4. Пазете се секој од пријателот свој, и не се доверувајте никому од браката свои; зашто секој брат му става сопка на другиот, и секој пријател разнесува клевета.
5. Секој го лаже пријателот свој, и вистина не говорат: го научија јазикот свој да говори лага, се трудат да прават зло.
6. Ти живееш ме у измами, па поради измама тие откажуваат дека Ме познаваат, вели Господ.
7. Затоа вака вели Господ Саваот: ете, ке ги растопам и ке ги испитам; зашто, како инаку да постапам со керката на Мојот народ?
8. Јазикот нивни - стрела смртоносна, говори подмолно; со устата кон ближниот зборуваат пријателски, а во срцето свое му кројат примки.
9. Зар нема да ги посетам, вели Господ? Нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?
10. На горите ке кренам плач и пискот, и по пасиштата во степите - ридание, зашто тие се изорени, така што преку нив никој не минува, ниту се слуша блеење на стада: и птиците небески и добитокот - се се распрснало и избегало.
11. И ке го претворам Ерусалим во купишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ке ги направам пустиња, без жители.
12. Има ли таков мудрец, што ке го разбере ова? И оној, кон кого говори устата Господова - да објасни, зошто загина земјата и изгоре како пустиња, така што никој не минува низ неа?
13. И рече Господ - поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него,
14. туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни.
15. Заради тоа вака вели Господ Саваот, Израилевиот Бог: еве, ке ги нахранам тие лу е со пелин, ке ги напојам со вода и жолчка.
16. и ке ги растурам ме у народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни и ке испратам по нив меч, се додека ги истреби.
17. Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; испратете да дојдат вешти жени за таа работа.
18. Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече.
19. Затоа што глас од плач се слуша од кај Сион: "Како не ограбија, лошо сме посрамени, бидејки ја оставаме земјата - ни ги разрушија куките."
20. Па така, слушајте го, жени, словото од Господа и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги керките свои на плач, и една со друга - на тажни песни.
21. Бидејки смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куките наши, за да ги истреби децата од улиците и младешта од плоштадите.
22. Речи: така вели Господ - и ке бидат фрлени труповите на лу ето како убре во поле и како снопја зад жетвари, и не ке има кој да ги собере.
23. Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое.
24. А кој се фали, нека се фали со тоа, дека Ме разбира Мене и дека знае оти Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; оти само тоа е благоугодно пред Мене, вели Господ.
25. Ете идат денови, вели Господ, кога ке ги посетам сите обрезани и необрезани:
26. Египет и Јудеја, Едома и синовите Амонови, Моава и сите кои се стрижат од страна, што живеат во пустињата; оти сите тие народи се необрезани, а сиот дом Израилев има срце необрезано.

  Jeremiah (9/52)