Jeremiah (7/52)  

1. Слово, што му дојде на Јеремија од Господа:
2. "Застани при вратата на домот Господов и објави го таму ова слово и кажи: чујте го словото Господово, сите Јудејци, што влегувате низ таа врата да му се поклонувате на Господа.
3. Така вели Господ Саваот, Бог Израилев: ‘исправете ги вашите патишта и вашите дела, и Јас ке ве оставам да живеете на тоа место.‘
4. Не се надевајте на лажливете зборови: ‘ова е храмот Господов, храмот Господов, храмот Господов.‘
5. Но ако ги исправите наполно вашите патишта и вашите дела, ако верно извршувате суд ме у човекот и ближниот негов,
6. ако не притеснувате другоземец, сирак и вдовица, не пролевате невина крв на тоа место и не тргнете по други богови за ваше зло,
7. Јас ке ве оставам да живеете на ова место, во оваа земја, што им ја дадов на татковците ваши од века до века.
8. Ете, вие се надевате на лажливи зборови, кои нема да ви донесат полза.
9. Вие крадете и убивате, вршите прељуба и се колнете криво, му кадите на Ваала и одите по други богови, кои не ги познавате,
10. и потоа доа ате и се исправате пред лицето Мое во овој дом, над кој е повикано името Мое, и велите: ‘спасени сме, за да ги вршите сите тие гадотии и понатаму.‘
11. Не се претвори ли во вашите очи во разбојничко гнездо овој дом, над кој е повикано името Мое? Ете, Јас го видов тоа, вели Господ.
12. Но одете сега на Моето место во Силом, каде што порано бев одредил да почива Моето име, и видете, што направив со него поради беззаконијата на Мојот народ Израилот.
13. И, бидејки ги вршите сите тие работи, вели Господ, и вие не слушавте, и ве викав, а вие не одговаравте, -
14. затоа Јас сега ке постапам исто со овој дом, над кој е призвано Моето име, на кое вие се надевате, и со местото, што ви го дадов вам и на татковиците ваши, како што постапив со Силом.
15. И ке ве отфрлиам од лицето Свое, како што ги отфрлив сите ваши брака, целото семе Ефремово.
16. А ти, не моли се за овој народ и не вознесувај заради него молитви и молби, и не посредувај пред Мене, зашто нема да те чујам.
17. Не гледам ли, што прават тие во градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски?
18. Децата собираат дрва, а татковците палат оган, и жените месат тесто, за да прават банички за божицата на небото и да вршат преливи за други богови, за да Ме огорчуваат.
19. Но Мене ли Ме огорчуваат тие - вели Господ; не себеси ли - за нивни срам?
20. Затоа вака вели Господ Бог: ете, се излива Мојот гнев и Мојата јарост врз ова место, врз лу ето и врз добитокот, врз полските дрвја и врз земните плодови, ке се разгори и нема да угасне.
21. Вака вели Господ Савато, Бог Израилев: - вашите сепаленици поднесувајте ги зедно со вашите жртви и јадете го месото;
22. зашто Јас не им говорев на татковицте ваши и не им давав заповеди за сепаленици и жртви во тој ден, кога ги изведов од Египетската земја;
23. туку ова им го заповедав: ‘слушајте го Мојот глас, и Јас ке бидам ваш Бог, а вие ке бидете Мој народ, и одете по оној пат, по кој ке ви заповедам, за да ви биде добро.
24. Но тие не послушаа и не го наклонија увото, и живееја по желбите и по упорството на своето лошо срце, и ми свртеа грв, а не лице.
25. Од оној ден, кога татковицте ваши излегоа од Египетската земја, до денес ги испракав при вас слугите Свои - пророците, ги испракав секој ден од рано утро и постојано,
26. но тие не Мое послушаа и не го наклонија увото, туку станаа твродоглави, постапуваа полошо од татковците свои.
27. И кога ке им ги кажуваш сите овие зборови, тие нема да те послушаат; и кога ке ги викаш, тие нема да ти се одsиваат.
28. Тогаш речи им: ‘еве народ, кој не го слуша гласот на Господа, својот Бог, и не прима поука! Нема кај нив вистина, таа е одземена од устата нивна.‘
29. Истрижи ја косата своја и фрли ја, и почни да плачеш по горите, зашто Господ го отфрли и го остави родот, што го навлече гневот Негов.
30. Зашто синовите на Јуда вршат зло пред Моите очи, вели Господ; ги поставија своите гадотии во домот, над кои е повикувано името Мое, за да го осквернат;
31. и изградија идолско светилиште на Тофет во долината Еномовите синови, за да ги изгоруваат во оган синовите свои и керките свои, што не сум го заповедал и кое ни на ум не Ми доа ало.
32. Затоа, идат дни, вели Господ, кога тоа место нема повеке да се нарекува Тофет и долина на синовите Еномови, туку крвна долина, и во Тофет ке се погребуваат поради немање на место.
33. И труповите на овој народ ке бидат храна на птиците небески и на sверовите земни, и ке нема кој да ги брка.
34. Во градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски ке го прекратам гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста; зашто таа земја ке стане пустелија.

  Jeremiah (7/52)