Jeremiah (6/52)  

1. Бегајте, деца Венијаминови, од Ерусалим, трубете со труба во Текоја и јавете преку оган во Вет - Акерем, зашто откај север се појавува зло и голема погибел.
2. Јас ја разубавив керката Сионова, прекрасна и разнежена.
3. Kе дојдат кај неа пастири со стадата свои, ке распнат шатори околу неа; секој ке го пасе својот дел.
4. Гответе против неа војна; станувајте да тргнеме на пладне. Тешко нам! Денот веке одминува, се спушаат вечерни сенки.
5. Станувајте да одиме и ноке, и да ги срушиме нејзините дворци!
6. Зашто вака вели Господ Саваот: сечете дрвја и кревајте насипи протв Ерусалим: тој град треба да се казни; во него се врши секакво насилство.
7. Како што од извор блика вода, така и од него блика зло: во него се слуша насилство и отимање, пред Моето лице секогаш има навреди и рани.
8. Вразуми се, Ерусалиме, за да не се отстрани од тебе душата Моја и да не те направам пустиња, земја ненаселена.
9. Вака вели Господ Саваот: докрај ке ги оберат остатоците на Израилот, како грозје; работи со раката своја, како берач на грозје, кога полни кошници.
10. Кому да му говорам и кого да го убедувам, за да чујат? Ете, нивното уво е необрезано, и тие не можат да слушаат; ете, словото Господово кај нив е за потсмев; тоа им е непријатно.
11. Поради тоа јас сум преполнет со Господова јарост, не можам да ја држам во себеси; ке ја излеам врз децата по улиците и врз собрани младинци, ке бидат земени маж со жена, старец со млад.
12. И куките нивни ке ги присвојат други, исто така и нивите и жените; зашто ке ја протегнам раката Своја врз жителите на таа земја, вели Господ.
13. Зашто од мал до голем, секој од нив се предал на лакомост, и пророк и свештеник - сите дејствуваат лажливо:
14. ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велијки: ‘мир! мир!‘ а мир нема.
15. Се срамуваат ли тие, кога вршат гадотии? Не, никако не се срамуваат и не црвенеат. Затоа ке паднат ме у паднатите, и во време на Мојата посета ке бидат соборени, вели Господ.
16. Вака вели Господ: - застанете на вашите патишта, разгледајте и распитајте за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ке најдете спокојство на душите свои. Но тие рекоа: нема да врвиме.
17. И поставив чувари над вас, и реков: ‘слушајте го звукот на трубата. Но тие рекоа: - нема да слушаме.
18. И така, чујте народи, и знај, собрание, што ке стане со нив.
19. Чуј, земјо: ете, ке испратам против овој народ погибел, плод на помислите нивни; зашто тие не ги слушаа Моите зборови и Мојот закон го отфрлија.
20. Зошто Ми е Ливан, што иде од Сава, и миризлива трска - од далечна земја? Вашите сепаленици не Ми се угодни, и вашите жртви не Ми се пријатни.
21. Затоа вака вели Господ: ‘ете, поставувам пред овој народ пречки, и ке се сопнат од нив таткото и децата заедно, соседот и неговиот пријател, и ке загинат.
22. Вака вели Господ: - ете, иде народ од северна земја, и голем народ се крева од земните краишта;
23. во рацете држат лак и копје; тие се жестоки и немилостиви, гласот нивни им бучи како море, и летаа на коњи, наредени како еден човек, за да удрат протв тебе, керко Сионова.
24. Чувме вест за нив, и рацете ни премалеа, скрб не обзеде, маки - како жена при ра ање.
25. Не излегувајте на нива и на пат не одете, зашто непријателски меч и ужас од сите страни е.
26. Kерко на Мојот народ, препаши се со костерт и посипи се со пепел; тагувај како за син единец - горко плачи; зашто ненадејно ке дојде врз нас погубник.
27. Те поставив за кула среде Мојот народ, за столб, за да знаеш да ги испитуваш нивните патишта.
28. Сите тие се упорни одметници, живеат со клевета; тоа се бакар и железо - сите се расипани.
29. Мевот изгоре; оловото се стопи од огнот; леарот топи напразно, зашто лошите не се отстранија;
30. ке ги наречат лажно сребро, зашто Господ ги отфрли.

  Jeremiah (6/52)