Jeremiah (51/52)  

1. Така вели Господ: еве, Јас ке подигнам уривачки ветар против Вавилон и против Моите противници, што живеат во него;
2. и ке испратам против Вавилон веачи, што ке го развеат, и ке ја опустошат земјата негова, бидејки во денот на неговата беда ке нападнат врз него од сите страни;
3. стрелец нека оптегне лак на стрелец, и против оној, што се гордее со својот оклоп; не штедете ги младите негови, сотрете ја целата војска негова.
4. Удрените нека паднат на Халдејската земја и стреланите - по патиштата нејзини.
5. Зашто, не е оставен Израилот сам, ниту Јуда, од својот Бог, Господа Саваота, иако им е земјата полна со гревови пред Светецот Израилев.
6. Бегајте од Вавилон и секој нека ја спасува душата своја, за да не загине од беззаконијата негови, зашто тоа е време на одмазда за Господа: Он му отплатува како што заслужил.
7. Вавилон беше во раката Господова како златна чаша, што ја опиваше целата земја; народите пиеја од неа вино, и обезумуваа.
8. Ненадејно падна Вавилон и се скрши; плачете за него, земете балсам за раните негови, можеби тој и ке оздрави.
9. Го лекувавме Вавилон, но не оздраве; оставете го, и да си одиме секој во земајта своја, бидејки пресудата за него стигна до небесата и се дигна до облаците.
10. Господ ја изведе на видело нашата правда; да појдеме и да го соопштиме во Сион делото на нашиот Господ Бог.
11. Острете ги стрелите, ставете ги во торбите за нив; Господ го возбуди духот на царевите од Мидија; бидејки Он замисли нешто против Вавилон, за да го уништи, оти тоа е одмазда од Господа, одмазда за Неговото живеалиште.
12. На вавилонските sидови дигнете знамиња, засилете го надзорот, поставете стражи, пригответе заседи, зашто, како што замислил Господ, така и ке го направи она што го изрече против жителите вавилонски.
13. О, ти, што живееш покрај големите води, кој изобилуваш со ризници, дојде крајот твој, и на твојата лакомост!
14. Господ Саваот се заколна Сам во Себе: вистина велам, дека ке те исполнам со лу е како со скакулци, и ке подигнам повик против тебе.
15. Он ја создаде земјата со силата Своја, и ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
16. Според гласот Негов шумат водите небесни, и Он ги подига облаците од краиштата земни, пушта светкавици со дожд и изведува ветер од клетовите Свои.
17. Безумен е човекот во своето знаење, секој леар се срамува со идолите свои, зашто идолот е лага, и нема дух во него.
18. Тоа е чиста суета, дела на заблуда; во времето на нивната казна тие ке исчезнат.
19. Делот на Јакова не е како делот нивни, зашто Бог е Создателот на се, и Израил е жезал на неговото наследство, името негово е Господ Саваот.
20. Ти беше Мој чекан, бојно оружје; со тебе народите ги победував и со тебе царства сосипував;
21. со тебе поразував коњ и неговиот јавач, и со тебе поразував кола и нејзиниот возач;
22. со тебе сотирав маж и жена, со тебе убивав стар и млад, со тебе уништував и момче и мома;
23. со тебе уништував пастир и неговото стадо, со тебе го убивав земјоделецот и неговиот добиток за работа, со тебе поразував и обласни началници и градски управители.
24. И ке му отплатам на Вавилон и на сите жители халдејски за сето она зло, што му го направија на Сион пред очите ваши, вели Господ.
25. Еве, Јас сум против тебе погубна горо, вели Господ, што ја разорува целата земја; и ке ја протегнам против тебе раката Своја, ке те сметнам од карпите и ке те направам обгорена планина.
26. И од тебе нема да земат камен за агол, ниту камен за темели, туку ке бидеш вечна пустелија, вели Господ.
27. Подигнете знаме на земјата, трубете со труба ме у народите, вооружете ги против него народите, повикајте против него царства араратски, миниски и аскенаски, изберете водач против него, збоднете ги коњите како страшни скакулци.
28. Вооружете ги народите против него, царевите на Мидија, нејзините обласни началници и сите нејзини гладски управители и целата земја, што и е потчинета.
29. Земјата се тресе и потреперува, оти над Вавилон се извршуваат замислите на Господа, за да ја направи земјата Вавилонска пустиња без жители.
30. Вавилонските борци престанаа да се борат, седат во свите тврдини; се исцрпи силата нивна, станаа како жени, живеалиштата нивни се изгорени, резињата нивни се скршени;
31. гласник брза по гласник, известувач спроти известувач, за да му кажат на вавилонскиот цар дека му е градот од сите страни освоен;
32. и дека бродовите му се земени, а оградите изгорени со оган, и дека војниците од страв се поразени.
33. Оти, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: керката вавилонска е како на гумно, кога се врши на него; уште малку и ке дојде време за нејзината жетва.
34. Ме јадеше и ме гризеше Навуходоносор, царот вавилонски; ме направи празен сад; ме проголта како змеј; ја наполни својата утроба со сладостите мои, и ме фрли.
35. Неправдата над мене и над телото мое нека биде врз Вавилон, ке рече жителката Сионова, и крвта моја - врз жителите халдејски, ке рече Ерусалим.
36. Затоа вака вели Господ: еве, Јас ке се застапам за твоето дело и ке отплатам за тебе, па ке го пресушам морето негово и ке ги исушам каналите негови.
37. И Вавилон ке стане купиште на урнатини, живеалиште на шакали, за ужас и за потсмев, без жители.
38. Како лавови ке завиваат сите тие и како мали лавчиња ке ‘ржат.
39. А кога ке се загреат, ке им дадам гозба и ке ги опијам, за да се развеселат, за да заспијат со вечен сон и да не се разбудат, вели Господ.
40. Kе ги потерам како јаганца на клање, како овни заедно со козли.
41. Како се презеде Сесах, и беше победена славата на целата земја! Како стана Вавилон за ужас ме у народите!
42. Морето го проголта Вавилон; тој е сега покриен од брановите.
43. Градовите негови станаа пустиња, сува земја, пустелија, земја каде што не живее ниту еден човек и каде што не поминува син човечки.
44. И ке го посетам Вил во Вавилон и ке истргнам од устата негова се што проголтал, и народите нема веке да брзаат кон него, дури и sидовите вавилонски ке паднат.
45. Излези од него, народе Мој, и секој нека ја спасува душата своја од јаросниот гнев Господен.
46. Нека не ослабува срцето ваше и не бојте се од гласот, што ке се чуе по земјата; гласот ке дојде во една година и потоа во друга година, и на земјата ке се појави насилство, властодржец ке стане против властодржец.
47. Затоа, еве, идат денови, кога ке ги посетам идолите на Вавилон и целата негова земја ке се засрами и сите негови поразени ке паднат во него.
48. И ке ликуваат над Вавилон небото и земјата и се друго што е во нив; зашто од север ке му дојдат сотирачите, вели Господ.
49. Како што Вавилон направи да паднат на земја поразените Израилци, така во Вавилон ке бидат соборени поразените по целата земја.
50. Вие, кои се спасивте од меч, бегајте и не запирајте се, сетете се од далеку за Господа, и на срцето ваше нека ви дојде Ерусалим.
51. Ни беше срам, кога ги чувме поругите; бесчестие ги покриваше лицата наши, кога ту инци влегоа во светилиштето на домот Господен.
52. Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ке ги посетам идолите негови, и по целата негова земја ке офкаат ранетите.
53. Кога би се дигнал Вавилон и до небесата и кога високо би си ја зацврстил тврдината своја, од Мене ке му дојдат опустошителите, вели Господ.
54. Екот и пискот ке се подигнат од Вавилон, и рушење големо - од земјата Халдејска;
55. зашто Господ ке го опустоши Вавилон, и ке стави крај на неговиот горделив глас. Kе зашумат брановите кеко на големи води, ке заечи неговиот шумен глас.
56. Оти ке дојде врз него, врз Вавилон, опустошителот и ке бидат фатени војниците негови, ке бидат скршени лаковите негови; бидејки Господ, Бог на отплатата, ке отплати.
57. И ке се опијат кнезовите негови и мудреците негови, неговите обласни началници и неговите градски управители, и војниците негови, па ке заспијат со вечен сон и нема да се разбудат, вели Царот, Господ Саваот името е Негово.
58. Така вели Господ Саваот: дебелите sидови вавилонски ке бидат разрушени до темели, и портите негови високи ке бидат изгорени со оган; па така, залудно се трудеа народите, и племињата се грижеа за огнот.
59. Слово што пророк Јеремиј му го заповеда на Сераија, синот на Нирија, Масеев син, кога тој појде за Вавилон со Седекија, царот јудејски, во четвртата година од неговото царување; Сераија беше главен коморник.
60. Јеремиј ги запиша во една книга сите зла, што требаше да го снајдат Вавилон, сите тие зборови, што беа напишани против Вавилон.
61. И му рече Јеремија на Сераија: кога ке влезеш во Вавилон, тогаш погледај и прочитај ги сите овие зборови,
62. и кажи: Господи, Ти рече за ова место, дека ке го уништиш така, што да не остане во него ни човек, ни добиток, туку ке стане вечна пустиња.
63. И кога ке завршиш со читањето на оваа книга, врзи за неа камен, па фрли ја среде Ефрат,
64. и кажи: нека потоне Вавилон и да не се подигне од оваа беда, која Јас ке ја испратам врз него, и тие наполно нека папсаат. Довде се зборовите на Јеремија.

  Jeremiah (51/52)