Jeremiah (50/52)  

1. Слово што Господ го кажа преку пророкот Јеремија за Вавилон и за земјата Халдејска:
2. "Соопштете и разгласете ме у народите, подигнете знаме, објавете, не кријте ги, зборувајте: Вавилон падна, Вил е посрамен, Меродах е скршен, боговите негови се посрамени, идолите негови се скршени.
3. Зашто од север се подигна врз него народ, кој ке ја направи земјата негова пустиња, и никој нема да живее таму, и човек, и добиток, се ке се крене и ке се разотидат.
4. Во оние денови и во она време, вели Господ, ке дојдат синовите Израилеви, тие и синовите Јудини, заедно, ке одат, ке плачат и ке Го побараат својот Господ Бог;
5. ке прашаат за патот кон Сион и, свртени со лицето кон него, ке велат: одете и присоединете се кон Господа со вечен завет, кој нема да се заборави.
6. Народот Мој беше како загубено стадо; пастирите негови го оттргнаа од патот, па скитаа по планините; од гора на рид и го заборавија леглото свое.
7. Сите, што ги нао аа, ги изедуваа, и непријателите им велеа: не сме виновни, оти тие згрешиле пред Господа, пред живеалиштето на правдата, и пред Господа, надежта на татковците нивни.
8. Бегајте од Вавилон, заминете од земјата Халдејска и бидете како кози пред стадо од овци.
9. Зашто, еве, Јас ке подигнам и ке доведам врз Вавилон збир голем од народи од северната земја, и ке застанат против него, и тој ке биде преземен: стрелите негови, бидејки е искусен војник, напразно нема да се вракаат.
10. И Халдеја ке стане нивни плен; и оние, што ке ја опустошат, ке се наситат, вели Господ;
11. зашто вие, грабачи на Моето наследство, се веселевте, прославувавте, потскокнувавте од радост, како јунечки на трева, и ‘ржевте како бојни коњи.
12. За голем срем ке стане мајката ваша, ке црвенее онаа, што ве родила; ете, иднината на тие народи ке биде пустиња, земја сува и пустелија.
13. Од гневот Господен таа ке стане ненаселена и целата ке запусти; и секој, што ке мине низ Вавилон, ке се вчудовиди и ке си потсвирне, гледајки ги сите рани негови.
14. Наредете се во боен ред околу Вавилон, вие сите, кои затегнувате лак, стрелајте во него, не жалете ги стреилте, бидејки тој згреши против Господа.
15. Повикајте против него од сите страни; тој ја протегна раката; паднаа тврдините негови, испопа аа sидовите негови, зашто тоа е Господовата отплата; одмаздувајте му се; како што постапуваше тој, така постапувајте и вие со него.
16. Истребете во Вавилон и сеач, и оној, што работи со срп во жетва; од страв пред опасниот меч секој нека се врати при својот народ и секој нека бега во земјата своја.
17. Израилот е прснато стадо; го гонеа лавови; најнапред го гризеше асирскиот цар, а потоа Навуходоносор, царот вавилонски, и коските му ги здроби.
18. Затоа, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ке го посетам вавилонскиот цар и земјата негова, како што го посетив асирскиот цар;
19. и ке го вратам Израилот на неговото пасиште, и ке си пасе по Кармил и по Васан, и душата негова ке се наситува на гората Ефремова и во Галад.
20. Во оние дни и во она време, вели Господ, Јас ке ја побарам неправдата Израилева, и нема да ја има, и гревовите на Јуда и нема да се најдат; бидејки ке им простам на оние, што ке останат живи.
21. Појди против неа, против бунтовната земја и казни ги нејзините жители: пустоши и истребувај се по нив, вели Господ, и направи се што ти заповедав;
22. Шум голем од борба ке се крене по земјата и голем потрес.
23. Како се скрши и како се разби чеканот по целата земја, како ли Вавилон стана ужас ме у народите!
24. Јас поставив стапици за тебе, и те фатив, Вавилоне, иако не го предвиде ти тоа; ти се најде и беше фатен, зашто стана против Господа.
25. Господ ја отвори ризницата Своја и оттаму го зеде оружјето на гневот Свој, зашто тоа е дело на Господа Седржителот во земјата Халдејска.
26. Појдете против неа од сите краишта, отварајте ги житниците нејзини, газете ја како снопје, наполно истребете ја, та ништо да не остане од неа;
27. убивајте ги сите волови нејзини, нека одат на клање; тешко ним, бидејки дојде денот нивни, времето на нивната посета.
28. Се слуша глас од оние што бегаат и од оние што се спасуваат од Вавилонската земја, за да му го соопштат на Сион одмаздувањето Господово, на нашиот Бог, одмаздувањето за Неговото живеалиште.
29. Повикајте ги против Вавилон сите стрелци, кои запнуваат лак, сместете се околу него, за да не се избави никој од него, платете му според делата негови; како што постапуваше тој, така постапувајте и вие со него, бидејки тој се крена против Господа, против Светецот Израилев.
30. Затоа младите негови ке паднат по улиците негови, и сите војници негови ке бидат истербени во оној ден, вели Господ.
31. Еве, јас сум против тебе, о гордости, вели Господ, Бог Саваот; зашто дојде денот твој, времето на твојата посета.
32. И ке се сопне таа гордост и ке падне, и никој нема да ја крене; па ке запалам оган во градовите нејзини, и тој ке уништи се околу неа.
33. Така вели Господ Саваот: угнетени се синовите Израилеви, како и синовите Јудини, и сите што ги заробија, ги држат цврсто и не сакаат да ги пуштат.
34. Но Искупителот нивни е силен, Господ Саваот е името Негово; Он ке го разгледа делото нивно, за да ја смири земјата и да ги дотера во страв вавилонските жители.
35. Меч против Халдејците, вели Господ, и против жителите на Вавилон, и против кнезовите, негови, и против мудреците негови;
36. меч против ма епсниците негови, и тие ке избезумат; меч против војниците негови, и тие ке се уплашат;
37. меч против коњите негови, против колите негови и против сите разни племенски народи ме у него, и тие ке бидат како жени; меч против ризниците негови, и нив ке ги разграбаат;
38. суша за водите негови, и тие ке секнат; бидејки тоа е земја на идоли и тие се фалат со своите идолски страшилишта.
39. И таму ке се населат пустиски sверови со шакали, и ке живеат на неа ноеви, а таа нема да биде населенеа довека и населувана од род во род.
40. Како што ги сосипа Бог Содом и Гомор, и нивните соседни градови, вели Господ, така и тука нема да живее ниту еден човек, и човечки син нема да се запира таму.
41. Ете, од север иде народ, народ голем и многу цареви се креваат од краиштата земни;
42. во рацете свои држат лак и копје; тие се жестоки и немилосрдни; гласот нивни бучи како море; јаваат на коњи, наредени се како еден човек, за да се удрат со тебе керко вавилонска!
43. Чу за нив вест царот вавилонски, и рацете му малаксаа; жал го обзеде, мака - како на жена, се породува.
44. Ете, излегува тој, како лав од височините Јордански кон утврдените живеалишта; но Јас ке го принудам да излезе бргу од него; и кој е избран, нему ке му го доверам, зашто кој е подобен на Мене и кој ке побара одговор од Мене, и кој пастир ке устои против Мене?
45. Па така, чујте го решението на Господа, што го определи Он против Вавилон, и Неговата замисла, што ја има за Халдејската земја; навистина, нив најмалите од стадата, ке ги повлечат; навистина, Он ке ги опустоши живеалиштата нивни зедно со нив.
46. Од шумот при преземањето на Вавилон ке се затресе земјата, и пискот ке се чуе ме у народите."

  Jeremiah (50/52)