Jeremiah (5/52)  

1. Поминете по ерусалимските улици, погледајте, испитајте и побарајте по плоштадите негови, нема ли да најдете човек, нема ли таков, кој пази правда, кој ја бара вистината? - па ке му простам на Ерусалим.
2. Макар и да велат: ‘жив Господ!‘ но тие лажно се колнат.
3. О, Господи, Твоите очи не ли се свртени кон вистината? Ти ги поразуваш, а тие не чувствуваат болка; Ти ги истребуваш, а тие не сакаат да се вразумат; ги направиле лицата свои поцврсти од камен - не сакаат да се обратат.
4. Па си реков: - тоа се, можеби, сиромаси; тие се глупави, зашто не го знаат патот Господов, законот на својот Бог.
5. Kе одам кај големците и ним ке им зборувам, зашто тие го знаат патот Господов, законот на својот Бог. Но и тие сите го скршија јаремот, ги раскинаа веригите.
6. Поради тоа лав од шумата ке ги порази, пустински волк ке ги истреби, леопард ке ги демне крај градовите нивни: кој ке излезе од нив ке биде раскинат; зашто се намножија престапите нивни, се засилија отстапувањата нивни.
7. Како да ти го простам тоа? Твоите синови Ме оставија и се колнат во оние, што не се богови. Јас ги наситував, а тие вршеа прељуба и во групи одеа во куките на блудниците.
8. Тоа се како угоени коњи: секој од нив ‘ржи по жената на ближниот свој.
9. Зар да не казнам поради тоа - вели Господ; а душата Моја нема ли да одмазди на таков народ, како овој?
10. Качувајте се на sидиштата негови и урнувајте ги, но не до крај; уништете ги нивните диреци, зашто тие не се Господови;
11. оти домот Израилев и домот Јудин постапија спрема Мене многу вероломно, вели Господ;
12. тие излагаа против Господа и рекоа: ‘не, зло нема да не снајде, и ние нема да видиме ни меч, ни глад.‘
13. И пророците се ветар, и слово Господово нема во нив, врз нив самите нека се збидне тоа.
14. Поради тоа вака вели Господ, Бог Саваот: ‘затоа што говорите такви зборови, ете, Јас ке ги направам Моите зборови во устата твоја оган, а овој народ - дрва, и овој оган ке ги проголта.‘
15. Ете, ке доведам против вас, доме Израилев, народ од далеку, вели Господ, народ силен, народ одамнешен, народ, чиј јазик не го знаеш, и нема да разбираш, што ке ти зборува.
16. Торбата за стрели му е како отворен гроб; сите тие се храбри лу е.
17. И ке ја изедат жетвата твоја и лебот твој, ке ги изедат синовите твои и керките твои, ке ги изедат овците твои и воловите твои, ке го изедат лозјето твое и смоквите твои; ке ги разрушат со меч утврдените градови твои, на кои ти се надеваш.
18. Но и во тие дни, вели Господ, нема да ве истребам сосема.
19. И ако речете: ‘зошто нашиот Господ Бог ни го прави сево ова?‘ Он ке им одговори: ‘бидејки Ме оставивте и им служите на ту и богови во своја земја, затоа ке служите на ту инци не во вашата земја.‘
20. Објавете го тоа во домот Јаковов, разгласете во Јудеја, велејки:
21. чуј го ова, народе безумен и неразумен, кој имаш очи, а не гледаш, имаш уши, а не слушаш:
22. ‘од Мене ли не се плашите‘, вели Господ, ‘пред Мене ли не треперите? Јас ставив песок како граница на морето, за вечен предел, кој нема да премине; и макар што брановите негови ке надојдат, но не ке можат да се прелијат; макар што се упорни, но не ке можат да го префрлат.
23. А овој народ има упорно и неопкорно срце; тие отстапија и тргнаа.
24. И не рекоа во срцето свое: да се уплашиме од нашиот Господ Бог, Кој ни дава навреме дожд, ран и доцен, ги пази за нас седмиците, одредени за жетва.
25. Вашите беззаконија го отфрлија тоа, и вашите гревови го отстранија од вас тоа добро.
26. Зашто ме у Мојот народ има безбожници: пазат како сокриени ловци на птици, се влечат по земјата, ставајки стапици за да ловат лу е.
27. Како кафез, со птици, домовите нивни се полни со измама: а преку тоа тие се издигнаа и се збогатија;
28. се здебелија, злото надмина секоја мерка, не разгледуваат судски дела, дела на сираци; и добро им е, иако не ги пресудуваат праведните дела на сиромасите.
29. Зар нема да казнам заради тоа - вели Господ; и нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?
30. Нешто исклучително и ужасно, станува во таа земја:
31. пророците пророкуваат лага, свештениците господарат преку нив - и Мојот народ го сака тоа. Што всушност ке правите по сето тоа?

  Jeremiah (5/52)