Jeremiah (48/52)  

1. За Моав вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: тешко на Невон, бидејки ке биде опустошен; Киријатим ке се осрамоти, и ке се предаде; Мизгав ке се посрами и ке се вxаши.
2. Kе ја снема повеке славата на Моав; во Есевон ке преземаат зло против него: да отидеме за да го сотреме ме у народите. И ти, Мадмено, ке опустееш; меч ке те гони.
3. Се слушна пискот од Оронаим, пустошење и сотирање големо!
4. Моав е сотрен; пискот кренаа децата негови.
5. На искачување кон Лухит се слуша непрестаен плач; слегувајки од Оронаим, непријателот слуша ужасен викот поради пропаста.
6. Бегајте, спасувајте си ги животите свои и бидете како оголено дрво во пустиња.
7. Бидејки ти се надеваше на делата свои и на ризниците свои, затоа ке бидеш фатен, и Хамос ке појде во ропство заедно со свештениците и со кнезовите свои.
8. И ке дојде опустошител врз секој град, и нема ниеден град да се одржи; ке загине долината и ке запусти рамнината, како што вели Господ.
9. Подајте му криља на Моав, за да може да полета; градовите негови ке станат пустиња, оти ке нема во нив кој да живее.
10. Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господа, и нека е проклет кој го задржува мечот Негов од крв!
11. Од младоста своја Моав беше спокоен, и се гордееше на својата слава, и не се преточуваше од сад во сад и во ропство не беше отишол; затоа во него си остануваше вкусот негов, и мирисот негов не се менуваше.
12. Но, еве, идат дни, вели Господ, кога ке пратам врз него преливачи, што ке го преливаат и ке ги испразнат садовите негови и ке ги скршат стомните негови.
13. Па ке биде посрамен Моав заради Хамоса, како што беше посрамен домот Израилев поради Ветил, надежта негова.
14. Зошто вие велите: - ние сме лу е храбри и силни сме во бој?
15. Моав е сотрен, и градовите негови горат, и одбраните младичи негови појдоа на клање, вели Царот - Господ Саваот е името Негово.
16. Блиска е погибелта на Моав, и брз неговото зло.
17. Сожалете го сите негови соседи, и сите што го знаете името негово, речете: како се здроби мокниот жезал и славната патерица!
18. Слези од височината на величието твое и седни во жедната земја, керко, жителко на Дивон, бидејки опустошителот на Моав ке дојде при тебе и ке ги разруши тврдините твои.
19. Застани на патот и погледај ти, која живееш во Ароир, прашај го оној, што бега, и онаа, што гледа да се избави: што станува?
20. Засрамен е Моав, зашто е сотрен; плачете и викајте, соопштете во Арнон дека Моав е опустошен.
21. И суд дојде врз рамнината, врз Хелсон, врз Јаса и врз Мофат,
22. врз Девон, врз Невон и врз Бет - Девлатаим,
23. врз Киријат - Јарим, врз Бет - Гамул и врз Бет - Маон,
24. врз Кариот, врз Восор и врз сите градови на земјата Моавска, далечни и блиски.
25. Одбиен е робот на Моав и мишката негова е скршена, вели Господ.
26. Опијте го, зашто тој се крена против Господ; нека се валка Моав во блуеницата своја, и сам ке стане за потсмев.
27. Зар не стана при тебе Израил за потсмев? Зар не те најде фатен ме у крадците, па ти, кога зборуваше за него, само ја мавташе главата?
28. Жители Моавски, оставете ги градовите и живејте по карпите и бидете како гулаби, кои вијат гнезда при влезот на пештера.
29. Чувме за гордоста на Моав, гордост прекумерна, за неговата самоувереност и неговата надуеност, за неговото фалење и за горделивото негово срце.
30. Ја знам Јас дрскоста негова, вели Господ, но тоа е безнадежно; лагите негови нема ништо да направат.
31. Затоа, ке плачам за Моав и ке пиштам за целиот Моав; ке воздивнувам за оние во Кир - Харес.
32. Kе плачам за тебе, лозо севамска, како што плачев за Јазера; твоите лозинки се префрлуваат преку морето, стигаат до езерото Јазерско; сотирачот ги нападна твоите летни производи и зрелото грозје.
33. Радоста и веселбата се одзеде од Кармил и од земјата Моавска. Јас ке направа виното во бурињата да заврши; никој веке нема да гази во каци со песни; боен повик ке име, а не радосен миг.
34. Од пискотот на Есевон до Елеала и до Јаца тие ке креваат глас од Сихор до Оронаим, до третата Егла, бидејки и водите на Нимрим ке пресушат.
35. Kе го сотрам Моав, вели Господ, оние што принесуваат жртви по незнабожечките светилишта и кои им кадат на боговите.
36. Затоа срцето Мое ке пишти за Моав како свирка, за жителите во Кир - Харес, срцето ке им биде како свирка, бидејки сите добра од нивните богатства пропаднаа;
37. на секого главата ке му биде гола и на секого брадата истрижена, кај сите на рацете ке има зарези, а околу бедрата врекиште.
38. По сите покриви на Моав и по неговите улици ке има само плач, бидејки Јас го уништив Моав, како непотребен сад, вели Господ.
39. Како е сотрен тој, ке речат, плачејки; како Моав се покри со срам, кога го сврти тилот, и ке биде Моав за потсмев и ужас, за сите, што го опкружуваат,
40. зашто вака вели Господ: ете, како орел ке летне тој и ке ги рашири криљата над Моав.
41. Градовите ке бидат победени и трврдините освоени, а срцето на храбрите Моавци ке биде во оној ден како срце на жена, што се измачува при породување.
42. И ке биде истребен Моав ме у народите, бидејки се крена против Господа.
43. Страв, јама и клопка околу тебе - жителу моавски, вели Господ.
44. Кој ке избега од ужасот, ке падне во јама; а кој ке излезе од јамата, ке падне во стапица; бидејки ке ја испратам врз него, врз Моава годината на нивната казна, вели Господ.
45. Под сенката на Есевон застанаа оние што бегаа од сила; но оган излезе од Есевон, и пламен среде Сихон, па ке го изгори крајот на Моав и темето на вознемирените синови.
46. Тешко тебе, Моаве! Пропадна народот од Хамос, бидејки синовите твои ти ги одведоа во ропство, и керките твои во - плен.
47. Но во последните дни ке ги вратам моавските заробеници, вели Господ. Дотука е судот за Моав.

  Jeremiah (48/52)