Jeremiah (43/52)  

1. Кога Јеремија му ги изговори на сиот народ овие зборови на нивниот Господ Бог, сите тие зборови со кои нивниот Господ го прати до нив,
2. тогаш Азаниј, синот Осаиев, и Јоанан, синот Кареев, и сите охоли лу е му рекоа на Јеремија: "Тоа, што го зборуваш не е вистина; Господ, нашиот Бог, не те прати да кажеш - не одете во Египет, за да живеете таму"
3. туку Варух, синот Нириев, те наговори против нас, за да не предадеш во рацете на Халдејците, па да не убијат, или да не одведат како робови во Вавилон."
4. И Јоанан, синот Кареев, сите војводи и сиот народ не го послушаа гласот на Господа, за да останат во земјата Јудејска:
5. Тогаш Јоанан, синот Кареев, и сите војводи го поведоа сиот остаток од Јудејците, кои се беа вратиле од кај сите народи, каде што беа прогонети, за да живеат во земјата јудејска;
6. мажи, жени, деца, царевите керки и сите оние, кои Навузардан, началник на телохранителите, ги остави со Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов, и пророкот Јеремија, и Варуха, синот Нириев;
7. па отидоа во земјата Египетска, бидејки не го послушаа гласот на Господа, и стигнаа до Тафнис.
8. И би слово Господово до Јеремија во Тафнис:
9. земи во рацете големи камења и сокри ги во измесена глина пред влезот на Фараоновиот дом во Тафнис, пред очите на Јудејците,
10. и кажи им - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, ке пратам и ке го доведам Навуходоносора, царот вавилонски, слугата Свој, и ке го поставам престолот негов врз овие камења што ги сокрив, и тој ке го распне над нив својот великолепен шатор
11. и ке дојде, па ке ја порази Египетската земја: и кој е за смрт, ке биде предаден на смрт; и кој е за ропство, ке отиде во ропство, а кој е за под меч - под меч.
12. Па ке запалам оган во светилиштата на боговите египетски; и тој ке ги изгори, а нив ке ги зароби, и ке се нагрне со Египетската земја, како пастир што се наметнува со облеката своја, па ке си отиде оттаму со мир.
13. И ке ги собори статуите на Бетсамис, што се нао аат во Египетската земја, и светилиштата на египетските богови ке ги изгори со оган.

  Jeremiah (43/52)