Jeremiah (42/52)  

1. Потоа дојдоа сите војводи и Јоанан, синот на Кареја, и Језаниј, синот Осаин, и сиот народ, од мало до големо.
2. и му рекоа на пророкот Јеремија: "Еве ја молбата наша пред тебе, помоли Му се на твојот Господ Бог за сиот овој остаток, зашто од многумина останавме малку, како што не гледаат твоите очи,
3. па твојот Господ Бог да ни го покаже патот, по кој треба да врвиме, и што треба да правиме."
4. И им рече пророкот Јеремија: "Ве чув, ке Му се помолам на вашиот Господ Бог, по молбата ваша, и се, што ке ви одговори Господ, ке ви го кажам, ни збор нема да сокријам од вас."
5. Тие му рекоа на Јеремија: "Господ нека ни биде вистински и верен сведок за тоа, дека ние ке направиме се, што твојот Господ ке заповеда за нас;
6. добро ли, лошо ли ке биде тоа, ние ке го послушаме гласот на нашиот Господ Бог, при Кого те пракаме, за да ни биде добро, ако бидеме послушни на гласот од Господа, нашиот Бог."
7. По десет дни би слово Господово до Јеремија.
8. Тој го повика при себе Јоанана, синот Кареев, сите со него војводи и сиот народ - од мало до големо,
9. па им рече: вака вели Господ, Бог Израилев, - до Кого ме испративте да Му ја пренесам вашата молба
10. ако останете во оваа земја, Јас ке ве зацврстам и нема да ве разорам, ке ве посадам и нема да ве искоренам, зашто жалам за бедата, што ви ја направив.
11. Не бојте се од вавилонскиот цар, од кого се плашите, не бојте се од него, вели Господ, бидејки и Јас сум со вас, за да ве спасувам и да ве избавувам од неговата рака.
12. И ке покажам милост спрема вас, и тој ке се смили над вас и ке ве врати во вашата земја.
13. Ако, пак, речете: "не сакаме да живееме во оваа земја" и не го послушате гласот на Господа, вашиот Бог, велејки -
14. "не, туку ке отидеме во земјата Египетска, каде што нема да видиме војна и нема да чуеме трубен глас, и нема да гладуваме, таму ке живееме",
15. тогаш чујте го сега словото Господово, вие, остатокот од Јуда: вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: "ако го свртите лицето свое, за да отидете во Египет, и отидете таму, за да се населите,
16. тогаш мечот, од кој се плашевте, ке ве постигне таму, во земјата Египетска, и гладот, од кого се боевте, секогаше ке ве следи во Египет, и таму ке умрете.
17. И сите, што ке го свртат лицето свое да отидат во Египет и таму да живеат, ке умрат од меч, од глад и од помор, и ниеден од нив нема да остане и нема да побегне од бедата што ке ја пратам врз нив.
18. Оти, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: како што се излеа гневот Мој и јароста Моја врз жителите ерусалимски, така ке се излее јароста Моја врз вас, кога ке влезете во Египет, и ке станете за проклетство и за ужас, за поруга и за укор, и нема повеке да го видите ова место.
19. Господ ви зборува вам, остатоци Јудини: не одете во Египет; знајте, дека ви сведочам јас.
20. Оти вие згрешивте против самите себеси - вие ме пративте пред Господа, нашиот Бог, и ми рековте: "помоли се за нас на Господа, нашиот Бог, а се што ке каже Господ, нашиот Бог, кажи ни, и ние ке извршиме."
21. И еве, кога ви го кажав денес тоа, вие не го послушавте гласот на Господа, нашиот Бог, и сето она, со кое ме прати Он до вас.
22. Па така, знајте, дека ке умрете од меч, од глад и од помор во она место, каде што сакате да појдете, за да живеете таму.

  Jeremiah (42/52)