Jeremiah (41/52)  

1. Во седмиот месец, Исмаил, синот на Натанија, син Елисамов, од царски род и великодостојник при царот, и десет души со него дојдоа во Масифа при Годолија, синов Ахикамов, и таму, во Масифа, јадеа заедно леб.
2. И стана Исмаил, синот Натаниев и десетте души со него, па го убија со меч Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов, и го убија оној, кого вавилонскиот цар го беше поставил за управник на земјата.
3. Исмаил ги уби и сите Јудејци, што беа со Годилија во Масифа, и Халдејците, војници што се нао аа таму.
4. На вториот ден, по убивањето на Годилија, додека уште никој не знаеше за тоа,
5. дојдоа од Сихем, Силом и Самарија, осумдесет души со избричени бради и раскинати облеки и со гребнатинки по телото, со дарови и ливан во рацете, за да ги принесат во домот Господен.
6. Исмаил, синот Натаниев, излезе од Масифа да ги пресретне, одејки и плачејки, и кога ги сретна, им рече: "Одете при Годолија, синот Ахикамов."
7. И кога влегоа во градот, Исмаил, синот Натаниев, заедно со оние што беа со него, ги уби и нив и ги фрли во јама.
8. Но се најдоа ме у нив десет души, кои му рекоа на Исмаила: "Не убивај не, бидејки во полето имаме сокриени клетови со пченица и јачмен, елеј и мед." И тој се воздржа, па не ги уби со нивните други брака.
9. А ровот, каде што ги фрли Исмаил труповите на лу ето, што ги уби поради Годилија, беше истиот, што го беше направил царот Аса, од страв пред Васа, царот израилски; него го наплни Натаниевиот син Исмаил со убиените.
10. Тогаш го зароби Исмаил сиот народ во Масифа, царските керки и сиот друг народ што беше останал во Масифа, кого Навузардан, началникот на телохранителите, беше го доверил на Годилија, синот Ахикамов, па во зората тргна Исмаил, Натаниевиот син кон земјата на синовите Амонови.
11. Но, Јоанан, синот на Кареја, и сите со него воени началници, чуја за сите злодела што беше ги извршил Исмаил, синот Натаниев,
12. па ги поведоа сите лу е и отидоа да се бијат со Исмаила, синот Натаниев, и го стигнаа при големите води, во Гаваон.
13. И кога сиот народ, што беше со Исмаила, го виде Јоанана, синот Кареев, и сите со него воени началници, тој се зарадува.
14. Тогаш сиот народ, што беше го заробил Исмиаил од Масифа, се откажа и се приклучи, па отиде при Јоанана, синот на Кареја.
15. А Исмаил, синот Натаниев, побегна од Јоанана со осум души и отиде при синовите Амонови.
16. Тогаш Јоанан, синот Кареев, и сите со него воени началници го поведоа од Масифа сиот народ, што го ослободи тој од Исмаила, синот Натаниев, откако го беше убил Годолија, синот Ахикамов, лу е, војници, жени, деца и дворјани, што беше ги извел од Гаваон:
17. отидоа, па се задржаа во населбата Химам, близу до Витлеем, за да избегаат во Египет,
18. бидејки се плашеа од Халдејците, оти Исмаил, синот Натаниев го уби синот Ахикамов, Годолија, кого вавилонскиот цар беше го поставил за управник на земјата.

  Jeremiah (41/52)