Jeremiah (40/52)  

1. И би слово Господово до Јеремија, откако Навузардан, началникот на телохранителите, го отпушти од Рама, каде што го беше зел окован во вериги од другите заробени ерусалимци и Јудејци, преселувани во Вавилон.
2. Началникот на телохранителите го зеде Јеремија и му рече: "Твојот Господ Бог го изрече ова зло врз ова место
3. и го испрати Господ, и направи, како што рече - бидејки вие згрешивте пред Господа и не го послушавте гласот Негов, и ете заради тоа и ве постигна ова.
4. Па така, еве, јас денес те ослободувам од веригите, што ти се на рацете твои; ако ти е угодно да дојдеш со мене во Вавилон, дојди и јас ке се грижам за тебе; ако, пак, не ти е угодно да дојдеш со мене во Вавилон, остани овде. Еве, оваа земја е пред тебе; каде што ти е угодно и каде што ти е мило да одиш, појди таму."
5. Додека тој уште не беше тргнал, Навузардан рече: "Оди при Годолија, синот на Ахикама, сино Сафанов, кого вавилонскиот цар го постави за началник над јудејските градови, и остани со него ме у народот; или, оди, каде што ти е мило да одиш." И началникот на телохранителите му даде храна и дар, па то отпушти.
6. И дојде Јеремија при Годолија, синот Ахикамов, во Масифа и живееше со него ме у народот, што беше останал во земјата.
7. Кога сите воени началници, што беа во рамнината, тие и лу ето нивни, чуја дека вавилонскиот цар го поставил Годолија, синот Ахикамов, за началник над земјата и му ги доверил лу ето, жените и децата и бедните во земјата, што не беа преселени во Вавилон,
8. тогаш дојдоа во Масифа при Годолија Исмаил, синот Натаниев, Јоанан и Јонатан, синовите Карееви, Сераја, синот Танасметов, синовите на Офа од Нетофат и Језонија, синот на Махат, тие и дружината нивна.
9. Годолиј, синот на Ахикама, син Сафанов, им се заколна ним и на лу ето, велејки: "Не бојте се да им служите на Халдејците, останете си во земјата и служете му на вавилонскиот цар, па ке ви биде добро;
10. јас пак ке останам во Масифа за да се застапувам пред Халдејците, што ке доа аат при нас; а вие собирајте вино, летни плодови и елеј, собирајте го во вашите садови и живејте во градовите свои, што ги зазедовте."
11. Исто така и сите Јудејци, што се нао аа во земјата Моав, ме у синовите на Амона, во Идумеја и по сите краишта, чуја дека вивилонскиот цар оставил дел од Јудејците и го поставил над нив Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов,
12. па се вратија сите тие Јудејци од сите места, каде што беа прогонети, и дојдоа во јудејската земја при Годилија во Масифа, и собраа многу вино и летни плодови.
13. Ме утоа, Јоанан, синот на Кареја, и сите воени началници, што се нао аа во полето, дојдоа при Годолија во Масифа,
14. и му рекоа: "знаш ли ти дека Валис, царот на синовите Амонови, го испрати Исмаила, синот Натаниев, да те убие?" Но Годолија, синот Ахикамов, не им поверува.
15. Тогаш Јоанан, синот Кареев, му рече тајно на Годолија во Масифа: "Дозволи ми да појдам и да го убијам Исмаила, синот Натаниев, и никој нема да разбере; зошто да дозволиш да те убие и да се растураст сите собрани при тебе Јудејци, и да загине остатокот од Јуда?"
16. Но Годолија, синот Ахикамов, му рече на Јоанан, синот Кареев: "Не прави го тоа, оти она, што ми го кажуваш за Исмаила, не е вистина."

  Jeremiah (40/52)