Jeremiah (4/52)  

1. Ако сакаш да се обрнеш, Израиле, вели Господ: "обрни се кон Мене; и ако ги отклониш гадотиите од пред Моето лице, ти нема да скиташ,
2. и ке се колнеш: вистински верно и праведно: жив е Господ. И народите од Него ке се благословуваат и со Него ке се фалат.
3. Зашто вака им вели Господ на мажите од Јудеја и од Ерусалим: изорајте си нови ниви и не сејте ме у трње.
4. Обрежете се заради Господа и симнете го крајчето од срцето свое, мажи Јудини и ерусалимски жители, за да не се јави Мојот гнев како оган и да не пламне неизгасливо поради вашите лоши наклоности.
5. Објавете во Јудеја, и разгласете во Ерусалим, говорете и трубете со труба по земјата; викајте силно и велете: ‘соберете се, и да влеземе во утврдените градови.‘
6. Кренете го знамето кон Сион - бегајте, не се запирајте, зашто Јас ке донесам од север зло и голема погибел.
7. Излегува лав од својот честар, тргнува истребителот на народите: тој излегува од местото свое, за да ја направи земјата твоја пустиња, градовите твои ке бидат сосипани, ке останат без жители.
8. Затоа опашете се со врекиште, плачете и ридајте, зашто јароста на Господовиот гнев нема да се одврати од нас.
9. И во тој ден, вели Господ, ке замре срцето на царот и срцето на кнезовите, ке се ужаснат свештениците и ке се вчудоневидат пророците."
10. И реков: о, Господи Боже, зар Ти само го лажеше овој народ и Ерусалим кога велеше: "мир ке има кај вас"; а, ме утоа, меч допре до душата?
11. Во тоа време ке му биде речено на тој народ и на Еурсалим: топол ветар дува од пустињските височини врз патот на керката на Мојот народ, не за да вее, ниту да очистува.
12. И оттаму ке дојде кон Мене ветар посилен од овој, и Јас ке искажам суд над нив.
13. Ете, се крева тој како облак, и колите му се како виор, коњите му се побрзи од орли; тешко нив! зашто ке бидат сосипани.
14. Измиј го злото од срцето свое, Ерусалиме, за да се спасиш: до кога ке стојат во тебе злосторнички мисли?
15. Зашто веке се разнесува глас од Дан, и погибелна вест - од Ерфемовата гора:
16. јавете им на народите, известете го Ерусалим, дека идат од далечна земја опсадувачи и со викања ги исполнуваат градовите на Јудеја.
17. Како чувари на нивните го оградуваат од сите страни, зашто тој се крена против Мене, вели Господ.
18. Тоа ти го направија твоите патишта и делата твои; од твојата нечесност ти е толку горчливо, што допира до срцето твое.
19. Утробо моја! Утробо моја! нажален сум до дното на срцето свое, се бранува во мене срцето мое, не можам да молчам; зашто ти слушаш, душо моја, звук од труба, боен повик.
20. Зло по зло, целата земја се опустошува, ненадејно беа соборени шаторите мои, за миг - сениците мои.
21. Долго време ли ке гледаме знаме, ке слушаме трубен звук?
22. Тоа произлегува оттаму, што водачите на Мојот глупав народ не Ме познаваат: тие се безумни синови, и нема во нив расудување: тие се мудри за зло, но не умеат да вршат добро.
23. Ја гледам земајта - и ете, таа е разорена и пуста, - небесата, и нема на нив светлина.
24. Ги гледам горите - и ете, тие треперат, и сите ридови се нишаат.
25. Гледам - и ете, нема човек и сите небески птици одлетале.
26. Гледам - и ете, Кармил е пустиња, и сите негови градови се сосипани од лицето Господово, од јароста на гневот Негов.
27. Зашто вака рече Господ: - целата земја ке биде опустошена, но целосно истребување нема да извршам.
28. Kе заплаче земјата поради тоа, и небесата ке се затемнат, зашто Јас реков, Јас решив, и нема да се покајам за тоа, ниту ке отстапам од него.
29. Од викот на коњаници и на стрелци ке се разбегаат сите градови: тие ке отидат во густи шуми и ке се искачат на карпи; сите градови ке бидат напуштени, и во нив нема никој да живее.
30. А ти, опустошена, што ке правиш? Макар и да се облекуваш во пурпур, и да се украсуваш со златни накити, да си ги украсуваш со боја очите свои - залудо ке се украсуваш: те презираат наложниците - ти ја бараат душата твоја.
31. Зашто Јас слушам глас како на жена, кога ра а, стенкање како на онаа, која ра а за првпат, глас на керката Сионска; таа стенка, протегајки ги рацете: ‘о, тешко мене, душата моја исчезнува пред убијците.‘

  Jeremiah (4/52)