Jeremiah (39/52)  

1. Во деветтата година на Седекија, царот јудејски, во десеттиот месец, дојде Навуходоносор, царот вавилонски со сета војска своја до Ерусалим и го опседна.
2. А во единаесеттата година на Седекија, во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот градот беше преземен.
3. И влегоа во него кнезовите на вавилонскиот цар - Нергал - Саресер, Самгар - Нево, Сарсехим, началник на дворјаните, Нергал - Саресер, началник на гледачите, и сите други кнезови, на вавилонскиот цар и се сместија до средните порти.
4. Кога Седекија, царот јудејски, и сите воени началници, ги видоа, побегнаа, и во текот на нокта излегоа од градот преку царската градина, низ портите ме у двата sида и тргнаа по патот кон рамнината.
5. Но халдејскста војска се спушти по нив; го достигнаа Седекија во Јерихонската рамнина; го фатија и го одведоа при вавилонскиот цар Навуходоносор во Ривла, во земјата Емат, и го судеше, пред очите негови, и сите јудејски великодостојници вавилонскиот цар ги закла; а на Седекија му ги извазди очите и го стави во окови, за да го одведат во Вавилон.
6. И вавилонскиот цар во Ривла ги закла синовите на Седекија пред неговите очи; вавилонскиот цар ги закла и сите велможи јудејски;
7. а на Седекија му ги извади очите и го опкова во окови, за да го одведе во Вавилон.
8. Домот на царот и домовите на народот Халдејците ги изгореа со оган и sидовите ерусалимски ги срушија.
9. А остатокот од народот, што остана во градот, како и одметниците, кои му се придружија, и другиот народ Навузардан, началникот на телохранителите, ги пресели во Вавилон.
10. Бедните од народот, пак, кои немаа ништо, Навузардан, началникот на телохранителите, ги остави во јудејската земја и им даде уште тогаш лозја и ниви.
11. А за Јеремија Навуходоносор, царот вавилонски, му даде таква заповед на Навузардана, начланикот на телохранителите -
12. "Земи го, грижи се за него, и не прави му ништо лошо, туку постапувај со него онака, како што ке ти каже тој."
13. И прати Навузардан началникот на телохранителите, и Навузазван, началник на дворјаните, и Нергал - Саресар началник на гледачите, и сите кнезови на вавилонскиот цар,
14. испратија и го зедоа Јеремија од стражарницата и му го доверија на Годолија, синот на Ахикама, синот Сафанов; го изведоа и тој остана да живее ме у народот.
15. Кога Јеремија уште беше затворен во дворскиот затвор, би слово Господово до него:
16. оди, речи му на Авдемелех Етиопјанинот - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ке ги исполнам зборовите за овој град на зло, но не на добро, и тие ке се извршат во оној ден пред очите твои;
17. но тебе ке те избавам во оној ден, вели Господ, и нема да бидеш предаден во рацете на лу ето, од кои се плашиш.
18. Јас ке те избавам и ти нема да паднеш од меч, и душата твоја ке остане место грабеж, бидејки на Мене се надеваше, вели Господ.

  Jeremiah (39/52)