Jeremiah (37/52)  

1. Место Јехонија, синот Јоакимов, царуваше Седекија, синот Јосиев, кого вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за цар во Јудејската земја.
2. Ни тој, ни слугите негови, ниту, пак, народот од земјата не ги послушаа зборовите на Господа, кои Он им ги кажа преку пророкот Јеремија.
3. Царот Седекија го испрати Јехухала, синот Селемиев, и свештеникот Софониј, син Масеев, при пророкот Јеремија да кажат: "помоли се заради нас на нашиот Господ Бог."
4. Јеремија тогаш се уште слободно влегуваше и излегуваше пред народот, бидејки уште не беа го затвориле во темница.
5. Во ме увреме Фараоновата војска излезе од Египет, и Халдејците кои го опседуваа Ерусалим, штом разбраа за тоа, отидоа од Ерусалим.
6. И би слово Господово до пророкот Јеремија:
7. вака вели Господ, Бог Израилев - кажете му на јудејскиот цар, кој ве испрати до мене да ме прашате: еве, војската на Фараонот, што ви дојде на помош, ке се врати во земјата своја, во Египет;
8. а Халдејците пак ке дојдат и ке се борат против овој град, ке го преземат и ке го изгорат со оган.
9. Така вели Господ - не лажете се, велејки си во себе: "бездруго ке си отидат Халдејците од нас", зашто нема да си отидат;
10. дури и да бевте ја разбиле сета војска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа при вас само ранетите, тоа тогаш и тие би станале, секој од шаторот свој и би го изгореле овој град со оган.
11. И во тоа време, кога халдејската војска се оддалечи од Ерусалим, поради Фараоновата војска,
12. Јеремија појде од Ерусалим, па дојде во земјата на Венијамина, сокривајки се од народот.
13. А кога беше пред портата Венијаминова, тамошниот управител на стражата, по име Јерај, син Селемиев, син Ананиев, го задржа пророкот Јеремиј и рече: "Ти сакаш да побегнеш при Халдејците, зар не?"
14. Јеремија одговори - "Лага е тоа; не сакам да бегам при Халдејците." Но Јерај не го послуша, го фати Јеремија и го одведе кај кнезовите.
15. Кнезовите се разгневија на Јеремија, го биеја и го затворија во темница, во куката на писарот Јонатан, бидејки ја беа направиле затвор.
16. Кога Јеремија влезе во темницата и во визбата, таму остана повеке дни.
17. Царот Седекија испрати по него и го доведоа. И го праша царот во својот дом тајно, велејки: "Нема ли слово од Господа?" Јеремија одговори: "Има", и додаде: "ке бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар."
18. Тогаш Јеремија му рече на царот Седекија: "Што згрешив пред тебе, пред слугите твои и пред овој народ, па ме фрливте во темница?
19. И каде се вашите пророци, кои ви пророкуваат кажувајки: ‘Вавилонскиот цар нема да дојде против вас и против оваа земја?‘
20. А сега, чуј, господаре мој, царе, услиши ја молбава моја пред лицето твое; не вракај ме во куката на писарот Јонатан, за да не умрам таму."
21. Тогаш царот Седекиј заповеда да го затворат Јеремија во стражарницата, и таму му даваа по едно парче леб на ден од улицата не лебарите, се додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Јеремиј во стражарницата.

  Jeremiah (37/52)