Jeremiah (36/52)  

1. Во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јосиев, би ова слово Господово до Јеремија:
2. зами си книга и напиши ги во неа сите зборови, што ти ги кажав за Израилот, за Јуда и за сите народи од оној ден, откако почнав да ти кажувам, од дните на Јосија па до денес;
3. можеби домот Јудин ке чуе за сите беди што мислам да му ги направам, па тие да се повратат секој од својот лош пат, и Јас да им ја простам неправдата нивна и гревовите нивни.
4. И го повика Јеремиј Варуха, синот Нириев, и ги напиша Варух во книга како свиток книжен од устата на Јеремија сите Господови зборови, што му ги беше кажал Он.
5. Тогаш Јеремија му заповеда на Варуха и му рече: "Јас сум затворен и не можам да појдам во домот Господен;
6. затоа оди и прочитеј ги ти од свитокот книжен запишаните зборови Господови од мојата уста гласно пред народот во домот Господов, во денот на постот, прочитај ги гласно и пред сите Јудејци, што се дојдени од градовите свои;
7. можеби, тие ке упатат смирена молба пред лицето Господово и ке се повратат секој од својот лош пат; оти голем е гневот и негодувањето, кое Господ го изрече против овој народ."
8. Варух, синот Нириев, направи се, како што му заповеда пророкот Јеремија - и ги прочита од свитокот книжен во домот Господоен, запишаните зборови Господови.
9. Во петтата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јосиев, во деветтиот месец, објавија пред лицето Господово пост за сиот народ ерусалимски и за сиот народ, што беше дошол од јудејските градови во Ерусалим.
10. И Варух ги прочите гласно пред сиот народ запишаните во свитокот книжен Јеремиевите зборови во домот Господен, во собата на писарот Гемариј, син Сефанов, во горниот двор при влезот кон новите порти на домот Господен.
11. Михеј, синот на Гемарија, Сафанов син, ги чу сите Господови зборови, запишани во свитокот книжен,
12. и слезе во домот на царот, во собата на царевиот писар, а тоа, таму седеа сите кнезови: Елисам, писарот царев, Делаја, синот Семаев, Елнатан, синот Ахборов, Гемариј, синот Сафанов, Седекиј, синот Ананиев, и сите кнезови.
13. И им ги кажа Михеј сите зборови, што ги чу, кога Варух го читаше свитокот книжен гласно пред народот.
14. Тогаш сите кнезови го пратија при Варуха Јехудија, синот Натаниев, син Селемиев, син Хусиев, да му каже: "Земи го в рака свитокот книжен, што го читаше гласно пред народот, па дојди!" И го зеде Варух, синот Нириев, свитокот в рака и отиде при нив.
15. Тие му рекоа: "Седни и прочитај ни го гласно!" И Варух им го прочита гласно.
16. Кога ги ислушаа сите зборовите, со ужас се погледаа поме у себе и му рекоа на Варуха: "Ние ке му ги кажеме на царот сите овие зборови."
17. И го прашаа Варуха: "А кажи ни ти како ги напиша сите овие зборови од устата негова?"
18. И им одговори Варух: "Он ми ги изговори со устата своја сите овие зборови, јас, пак, ги запишав со мастило во овој свиток книжен."
19. Тогаш кнезовите му рекоа на Варуха: "Оди и сокри се, ти и Јеремија, па никој да не знае, каде сте."
20. И отидоа при царот во дворецот, а свитокот книжен го оставија во собата на Елисама, писарот царев; па му ги раскажаа гласно пред царот сите тие зборови.
21. Царот го испрати Јехудија да го донесе свитокот книжен, и тој го зеде од собата на Елисама, писарот царев; и го прочита Јехудиј гласно пред царот и гласно пред сите кнезови, што стоеја околу царот.
22. Царот во тоа време, во деветтиот месец, престојуваше во зимскиот дворец и пред него имаше мангал со разгорен јаглен.
23. Штом Јехудиј ке прочиташе два - три столпца, царот ги сечеше со писарското ноже и еден по еден ги фрлаше во мангалот, се додека не беше уништен целиот свиток во огнот, што го имаше во мангалот.
24. Не се уплашија и не ги раскинаа облеките свои ни царот, ниту слугите негови, кои ги чуја сите зборови.
25. Иако Елнатан, Делаја и Гемариј го молеа царот да не го гори свитокот книжен, но тој не ги послуша.
26. И царот му заповеда на царевиот син Јерамеила, и на Сераја, синот Азрилов, и на Селемија, синот Авдилов, да го фатат писарот Варух и пророкот Јеремија. Но Господ ги сокри.
27. И би слово Господово до Јеремија, откако царот го изгоре свитокот книжен и зборовите, што беше ги напишал Варух од устата на Јеремија, и му беше речено:
28. "Земи си пак друг свиток и напиши ги во него сите поранешни зборови, што беа во првиот свиток книжен, кои јудејскиот цар Јоаким ги изгори;
29. а на јудејскиот цар Јоаким кажи му - вака вели Господ: ти го изгори свитокот, зашто рече - бидејки напиша во него: "бездруго ке дојде вавилонскиот цар и ке ја разори оваа земја и ке ги истреби во неа лу ето и добитокот",
30. поради тоа, вели Господ, за јудејскиот цар Јоаким: ке нема од него човек што ке седи на Давидовиот престол, и трупот негов ке биде фрлен на дневниот припек и на нокниот студ.
31. Па ке го посетам него, и племето негово, и слугите негови за неправдите нивни, и ке го испратам врз нив и врз ерусалимските жители, и врз лу ето на Јуда, сето она зло, што го искажав врз нив, а тие не послушаа."
32. И зеде Јеремија друг свиток и му го даде на писарот Варух, синот Нириев, и тој ги напиша во него од устата на Јеремија сите зборови од оној свиток книжен, што го изгори во оган јудејскиот цар Јоаким; а додаде кон нив и уште многу други, слични на нив зборови.

  Jeremiah (36/52)