Jeremiah (35/52)  

1. Слово од Господа, упатено до Јеремија во дните на јудејскиот цар Јоаким, син Јосиев:
2. оди во домот на Рехавовци, позборувај со нив и доведи ги во домот Господов, во една од собите и дај им да пијат вино.
3. Јас го поведов Јазанија, синот на Јеремија, син Авациниев, и братот негов, сите синови негови и сиот дом на Рехавовци,
4. па ги доведов во домот Господен, во собата на синовите од Годолија, син Ананов, човек Божји, која се нао а до собата на кнезовите, а над собата на Масеа, син Селумов, стражар при влезот.
5. И поставив пред синовите од домот на Рехавовци полни грнци со вино и чаши, па им реков: "Пијте вино!"
6. Но тие рекоа: "Ние вино не пиеме, бидејки нашиот татко Јонадав, син Рехавов, ни заповедал, велејки - ‘вино не пијте ни вие, ниту децата ваши довека;
7. и куки не правете, и семиња немојте да сеете, лоза не садете; такви работи да нема при вас, туку преку сите денови на животот свој живејте во шатори, за да поживеете долго на оваа земја, каде што сте ту инци.‘
8. И ние го послушавме гласот на нашиот татко Јонадав, син Рехавов, во се, што ни заповеда - да не пиеме вино во текот на сите наши дни, ние и жените наши, синовите наши и керките наши,
9. и да не правиме куки за наше живеење; и, ете, ние немаме ни лозја, ни ниви, ниту градини,
10. туку живееме во шатори и во се се покоруваме и го вршиме сето она, што ни заповеда нашиот татко Јонадав.
11. А кога вавилонскиот цар Навуходоносор дојде во оваа земја, ние си рековме: да си одиме, да појдеме во Ерусалим пред халдејската војска и пред арамејската војска, и, еве, ние живееме во Ерусалим."
12. И би слово Господово до Јеремија:
13. вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: оди, кажи им на лу ето Јудини и на жителите ерусалимски - зар нема да излечете поука од ова за себе, па да ги послушате зборовите Мои, вели Господ.
14. Се исполнуваат зборовите на Јонадава, синот Рехавов, кој им заповеда на синовите свои да не пијат вино, и тие до ден денес не пијат, бидејки му се покоруваат на заветот што му го дале на својот татко; Јас, пак, постојано ви зборував од рано утро, а вие не Ме послушавте.
15. Ги испракав Јас при вас сите Мои слуги - пророците ги пракав од рано утро, и велев - повратете се секој од својот лош пат и исправете го поведението свое и не одете по други боови, за да им служите, па ке живеете во оваа земја, кој ви ја дадов вам и на татковците ваши; но вие не го приклонивте увото и не Ме послушавте.
16. Бидејки синовите на Јонадава, синот Рехавов, ја исполнуваат заповедта на својот татко, што беше им ја дал, а овој народ Мој Мене не Ме слуша,
17. затоа, вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев - еве, Јас ке го испратам врз Јудеја и врз сите жители ерусалимски сето ова зло, што го изреков врз нив, зашто Јас им зборував, а тие не слушаа, им викав, а тие не одговараа.
18. А на домот на Рехавовци, Јеремиј им рече - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: бидејки го послушавте заветот на вашиот татко Јонадава и ги пазите сите негови заповеди и во се постапувате, како што ви заповедал,
19. затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - никогаш нема да недостига од Јанадава, синот Рехавов, човек што ке стои пред лицето Мое во сите дни.

  Jeremiah (35/52)