Jeremiah (34/52)  

1. Слово што дојде до Јеремија од Господа, кога вавилонскиот цар Навуходоносор, сета војска негова, сите земни царства, подвластени под негова рака, и сите народи се бореа против Ерусалим и против сите негови градови -
2. Така вели Господ Бог Израилев: оди, кажи му на јудејскиот цар Седекиј и речи му - вака вели Господ: еве, Јас ке го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ке го изгори со оган;
3. и ти нема да избегаш од рацете негови, туку ке бидеш фатен и предаден во рацете негови и очите твои ке ги видат очите на вавилонскиот цар, и устата негови ке и зборува на твојата уста, па ке појдеш во Вавилон.
4. Ислушај го словото Господово, царе јудејски, Седекија. Вака вели Господ за тебе - ти нема да умреш од меч;
5. ти ке умреш во мир, како и таковците твои, царевите поранешни, кои беа пред тебе и за кои при погребението гореа благопријатни мириси, така ке горат и за тебе и ке те исплачат - "о, господаре!" заради тоа што Јас го реков овој збор, вели Господ.
6. Пророкот Јеремија му ги кажа сите овие зборови на јудејскиор цар Седекија во Ерусалим;
7. а војската на царот вавилонски удираше на Ерусалим и против сите јудејски градови, кои уште се држеа, против Лахис и Азек; бидејки од јудејските градови само тие останаа поцврсти.
8. Слово Господово што дојде до Јеремија, откако царот Седекија склучи договор со сиот народ, што беше во Ерусалим, за да прогласат слобода,
9. па секој да го пушти својот роб на слобода и робинката, Евреин и Еврејка, така што никој од нив да не го држи во ропство, Јудеецот братот свој.
10. И послушаа сите кнезови и сиот народ, што беа пристапиле кон заветот, така што секој да го отпушти на слобода својот роб и секој - робинката своја, па во иднина да не ги држат како робови; послушаа и ги отпуштија.
11. Но потоа, откако размислија, почнаа да ги вракаат робовите и робинките, што беа ги пуштиле на слобода, и ги принудија пак да бидат робови и робинки.
12. И би слово Господов до Јеремија:
13. така вели Господ, Бог Израилев: Јас склучив завет со вашите татковци, кога ги изведов од Египетската земја и до домот на ропството, па реков -
14. "Во крајот на седмата година отпуштај го братот свој Евреин, кој ти се продал; нека ти работи шест години, а потоа отпушти го од кај тебе на слобода." Но татковците ваши не го приклонија увото свое и не Ме послушаа.
15. Вие сега се повративте и постапивте справедливо пред очите Мои, што му објавивте секој од вас на ближниот свој слобода, и склучивте пред Мене завет во домот, над кој се призовува името Мое;
16. но отпосле се предомисливте и го обесчестивте името Мое, па ги зедовте назад секој својот роб и секој својата робинка, кои бевте ги пуштиле на слобода, кому каде му беше угодно, и ги принудивте сега пак да ви бидат робови и робинки.
17. Затоа, вака вели Господ: вие не Ме послушавте да објавите слобода на братот свој и на ближниот свој; затоа, еве, Јас, вели Господ, ви објавувам слобода за да бидете предадени на меч, за помор и на глад и ке ве предадам на поруга пред сите цаеви земни;
18. и ке ги предадам они, што го престапија заветот Мој и не ги исполнија зборовите на заветот, што го склучија пред лицето Мое, откако пресекоа теле на две половини и минаа ме у расечените делови,
19. јудејските кнезови и ерусалимските кнезови, дворјаните и свештениците и сиот народ на земјата, кој мина ме у расечените делови на телето,
20. ке ги предадам во рацете на непријателите нивни и во рацете на оние, кои ја бараат душата нивна, а труповите нивни ке бидат храна за птиците небески и за sверовите земни.
21. И Седекија, царот јудејски, и кнезовите негови ке ги предадам во рацете на непријателите нивни и во рацете на оние, кои ја сакаат душата нивна, и во рацете на војската на вавилонскиот цар, која остапи од вас.
22. Еве, Јас ке заповедам, вели Господ, и ке ги вратам кон овој град и тие ке го нападнат, ке го преземат и ке го изгорат со оган, и градовите на Јудеја ке ги направзм пустиња без лу е.

  Jeremiah (34/52)