Jeremiah (33/52)  

1. И вторпат би слово Господово до Јеремија, кога беше тој затворен во стражарницата -
2. вака вели Господ, Кој ја создаде земјата, Господ, Кој ја уреди и зацврсти, - Кому Му е името Господ:
3. повикај кон Мене, и Јас Kе ги одговорам, ке ти покажам нешто големо и недостапно, нешто, што ти не го знаеш.
4. Оти, така вели Господ, Бог Израилев, за куките на овој град и за куките на јудејскиот цареви, што ке се урнат за окопи и за борби.
5. Оние, што дојдеа да се борат против Халдејците, за да ги исполнат домовите со трупови на лу е, кои Јас во Својот гнев и во јароста Своја ке ги поразам и поради чие беззаконие Јас го сокрив лицето од тој град.
6. Еве, Јас ке ги излекувам, ке ги исцелам и ке им откријам изобилие на мир и вистина,
7. ке ги вратам заробените на Јуда и заробените на Израилот и ке ги зацврстам како порано,
8. ке ги исчистам од секое нивно беззаконие, со кое згрешија пред Мене, и ке им ги простам сите нивни гревови, со кои се огрешија пред Мене и остастапија од Мене.
9. И Ерусалим ке биде за Мене радосно име, похвала и чест, пред сите земни народи, што ке чујат за сите добра, какви што ке им давам и ке се уплашат и ке затреперат од сите добра и од секаков благослов, што ке им го дадам.
10. Така вели Господ: на ова место за кое вие велите - "тоа е пусто, без лу е и без добиток", во јудејските градови и во ерусалимските улици, кои се пусти, без лу е, без жители, без добиток,
11. пак ке се слуша глас од радост и глас од веселба, глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што велат: "славете Го Господа Саваота, зашто е благ Господ, зашто е милоста Негова вечна", и глас на оние што принесуваат благодарствена жртва во домот Господен; бидејки Јас ке ги вратам заробените од оваа земја во нивната поранешна состојба, вели Господ.
12. Така вели Господ Саваот: во ова место, кое е пусто - без лу е, без добиток, и во сите негови градови пак ке има живеалишта на пастири, што ке ги доведуваат стадата свои на одмор.
13. Во планинските градови, во градовите по полето и во јужните градови, во земјата на Венијамина, во ерусалимските предградија и во градовите Јудини пак ке врват стада под раката на оној што ке ги пребројува, вели Господ.
14. Еве настапуваат дни, вели Господ, кога ке го исполнам ова добро слово, што го изреков за домот Израилев и за домот на Јуда.
15. Во тие дни и во тоа време ке благословам на Давида да му израсте Подмладок на правдата, и Он ке изврши суд и правда на земјата.
16. Во тие дни Јуда ке биде спасен, и Ерусалим ке живее безопасно и ке Му стават име: "Господ е наша правда!"
17. Оти, така вели Господ: нема да снема маж при Давида, што не ке седи на престолот во домот Израилев,
18. и кај левитските принесувачи на жртви нема да снема пред лицето Мое човек, кој преку сите дни да не вознесува сепаленица, да изгорува приноси и да принесува жртви.
19. И би слово Господово до Јеремија -
20. вака вели Господ: ако можете да го разрушите заветот Мој со денот и заветот Мој со нокта, така што денот и нокта да не се сменуваат во определеното време,
21. тоа тогаш ке можете да го разрушите и заветото Мој со Мојот слуга Давида, така што да нема при него син, што ке царува на неговиот престол, а исто така и со левитите - свештеници, служители Мои.
22. Како што е небесната војска безбројна, и песокта морска неизброива, така ке се размножи племето на Мојот слуга Давида и на левитите кои Ми служат.
23. И би слово Господово до Јеремија:
24. зар не гледаш, дека овој народ вели - "двете племиња, кои Господ ги избра, Он ги отфрли", и со тоа тие го презираат Мојот народ како веке да не е народ Мој пред очите нивни?
25. Така вели Господ: да не бев го утврдил заветот Мој со денот и нокта и наредбите на небото и на земјата,
26. тоа тогаш и племето на Јакова и на Мојот слуга Давида, ке го отфрлев, за да не земаат веке од неговото племе владетели, за племето на Авраама, и Исака, и Јакова, бидејки ке ги вратам нивните заробени и ке ги помилувам.

  Jeremiah (33/52)