Jeremiah (32/52)  

1. Слово Господово што дојде до Јеремија во десеттата година на јудејскиот цар Седекија; таа година беше осумнаесеттата година на Навуходоносора.
2. Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим, а пророкот Јеремија беше затворен во стражарницата, што се нао аше при домот на јудејскиот цар.
3. Јудејскиот цар Седекија го затвори таму, откако рече: "Зошто пророкуваш и велиш - така вели Господ: еве, Јас ке го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ке го преземе;
4. и Седекија, јудејскиот цар, нема да избега од рацете на Халдејците, туку бездруго ке биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ке зборува со него уста во уста, и очите негови ке ги видат неговите очи;
5. и тој ке го одведе Седекија во Вавилон, каде што и ке остане, додека не го посетам, вели Господ. Ако се борите против Халдејците, нема да победите?"
6. И рече Јеремија: такво беше словото Господово до мене.
7. Еве, Анамеил синот на твојот чички Салума, доа а при тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се нао а во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се па а да ја купиш.
8. И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде при мене, според словото Господово, во стражарницата и ми рече - купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамина, зашто правото на наследство е твое и куповното право е твое: купи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше слово Господово.
9. И ја купив од Анамеила, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му измерив седум сикли сребро и десет сребреници;
10. И запишав во книга, ја потпечатив, повикав потоа сведоци и парите ги измерив.
11. Па ја зедов потврдата за купопродавање, потпечатена според законот, и наредбата, и така, отворено,
12. му ја дадов потврдата за купување на Варуха, синот на Нирија, Маасеев син, пред очите на Анамиела, синот на мојот чичко, и пред очите на сведоците, кои го потпишаа тој купопродажен договор пред очите на сите Јудејци, што седеа во стражарницата;
13. и му заповедав на Варуха во нивно присуство;
14. вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - земи ја оваа книга, договоров за купопродавање, која е потпечатена и оваа отворена книга, и стави ги во глинен сад, за да останат таму долго време.
15. Оти, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: во ова земја пак ке се купуваат куки, ниви и лозја.
16. И откако му ја предадов на Нириевиот син Варуха купопродажната потврда, јас се помолив на Господа:
17. "О, Господи Боже, Ти го создаде небото и земјата со силата Твоја голема и со крената мишка; за Тебе не постои ништо невозможно;
18. Ти покажуваш милост на иљадници и за гревовите на татковците нивни им отплакаш на децата нивни по нов: Боже Велики, Силни, на Кого името Му е Господ Саваот.
19. Голем по мудрост и силен според делата, Чии очи се отворени врз сите патишта на синовите човечки, за да отплатува секому според патиштата негови и според плодовите на делата негови,
20. Кој изврши чудеса и покажа знаци во земјата Египетска, а извршуваш и до денес во Израилот и ме у сите лу е, и Си создаде име, како во оној ден,
21. па го изведе Твојот народ Израилот од земјата Египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената мишка и со голем страв.
22. И им ја даде оваа земја, која со клетва им ја беше ветил на татковците нивни, дека ке им ја дадеш, земја, каде што тече мед и млеко.
23. Ти влегоа и ја наследија, но не го слушаа гласот Твој и не одеа по законот Твој, не вршеа што им беше заповедал Ти да прават, па заради тоа Ти го испрати врз нив сево ова зло.
24. Еве, насипите дојдоа до градот, за да го преземат; и од меч, глад, и од помор градот ке се предаде во рацете на Халдејците, кои се борат против него; се што рече Ти, се исполнува, и, еве, Ти го гледаш тоа.
25. Ти, Господи Боже, ми рече: купи си нива за сребро и повикај сведоци тогаш, кога градот се предава во рацете на Халдејците."
26. И би слово Господово до Јеремија: -
27. Еве, Јас сум Господ, Бог на секоја плот; има ли нешто, што не е можно за Мене?
28. Затоа, вака вели Господ: еве, Јас го предавам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тој ке го преземе,
29. и ке влезат Халдејците, што го опсадуваат овој град, ке го запалат градот со оган и ке го изгорат него и куките, под чии стреи се вознесувало кадење на Ваала и се извршувал прелив на ту и богови, за да Ме разгневуваат.
30. Оти синовите Израилеви и синовите Јудини уште од младоста своја само зло вршеа пред очите Мои; синовите Израилеви Ме разгневуваа со делата на рацете свои, вели Господ.
31. И како само заради Мојот гнев и заради Мојата јарост да постоеше овој град од денот на неговото основање па се до денес, за да го отфрлам од лицето Свое
32. за сето зло на синовите Израилеви и на синовите Јудини, кои, за да Ме разгневуваат, го правеа тие, царевите нивни, кнезовите нивни, свештениците нивни, пророците нивни, лу ето на Јуда и жителите на Ерусалим.
33. Па Ми го свртија грбот, место лицето и, кога ги учев, ги учев од рано утро, но тие не сакаа да прима поука,
34. и во домот, во кој се призима името Мое, ги поставија своите гнасни работи и го осквернија.
35. Во долината на Еномовите синови изградија незнабожечко светилиште на Ваала, за да ги принесуваат синовите свои и керките свои во чест на Молоха, што не сум им заповдал, и на ум не ми идело, дека тие ке ги вршат тие гнасни работи, воведувајки го Јуда во грев.
36. Но сега, вака вели Господ, Бог Израилев, за овој град, за кој вие велите: "Со меч, глад и помор се предава во рацете на вавилонскиот цар",
37. еве, Јас ке ги соберам од сите страни, во кои бев ги расеал во гневот Свој во јароста Своја и во големото негодување, па ке ги вратам на ова место и ке им дозволам да живеат безопасно.
38. Тие ке бидат Мој народ, и Јас ке им бидам Бог.
39. И ке им дадам едно срце и еден пат, за да се бојат од Мене во текот на сите дни од живото нивни, за нивно добро и за доброто на децата нивни по нив.
40. Па ке склучам со нив вечен завет, според кој нема да се одвратам од нив и ке им правам добрини, и ке вложам во срцата нивни страв од Мене, за да не отстапуваат од Мене.
41. И ке се радувам за нив, правејки им добро, и ке ги населам цврсто на оваа земја - од се срце и од сета душа.
42. Затоа вака вели Господ: како што го испратив ова големо зло врз оној народ, така ке испратам врз нив секакво добро што го изреков за нив.
43. И тие ке купуваат ниви во оваа земја, за која велат: "тоа е пустиња, без лу е, без добиток; таа е предадена во рацете на Халдејците;"
44. ке купуваат ниви за сребро, ке потпишуваат купопродажни книги, ке ги потепчатуваат и ке повикуваат сведоци - во земјата на Венијамина, во ерусалимската околина и во градовите на Јуда, во планинските градови, во градовите на полето и во јужните градови; бидејки ке ги вратам заробените нивни, вели Господ.

  Jeremiah (32/52)