Jeremiah (31/52)  

1. Во тоа време, вели Господ, Јас ке им бидам Бог на сите племиња Израилеви, а тие ке бидат Мој народ.
2. Така вели Господ: народот, што се спасил од меч, најде милост во пустињата; одам да го успокојам Израилот.
3. Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа пристапив кон тебе со милост.
4. Јас пак ке те кренам, и ти ке биде обновена, девојко Израилева, па ке ги земеш тимпаните свои и ке излезеш на собор со оние што играат;
5. пак ке садиш лоза по самариските височини; лозарите, што ке ги садат, сами и ке се користат од нив.
6. Оти ке дојде ден, кога стражата на планината Ефремова ке извика: "станувајте да се искачиме на Сион при нашиот Господ Бог."
7. Бидејки така вели Господ: пејте со радост за Јакова и воскликнувајте пред главата на народите; разгласувајте, славете и кажувајте: го избави Господ Твојот народ, остатокот од Израилот!
8. Еве, Јас ке ги доведам од северната земја и ке ги соберам од земните краишта, и слеп и хром, и бремена и родилка, заедно со нив - големо множество ке се врати овде.
9. Тие отидоа со солзи, Јас, пак, ке ги поведам со утеха; ке ги поведам покрај потоци со води, по рамен пат, по кој нема да се сопнуваат; бидејки Јас сум отец на Израилот, и Ефрем е Мојот првороден.
10. Чујте го, народи, словото Господово и разгласете го по островите далечни и кажете: Оној што го расеа Израилот, Он и ке го собере и ке го пази како што го прави тоа пастирот со своето стадо;
11. оти Господ ке го откупи Јакова и ке го избави од рацете на оној, кој беше посилен од него.
12. И тие ке дојдат и ке се радуваат на сионските височини, и ке се стрчаат кон добрата Господови, кон пченицата, виното и елејот, кон јагнињата и воловите; и душата нивна ке им биде како градина напоена со вода, и веке нема да се измачуваат.
13. Тогаш девојката ке се радува на оро, а и младите и старите заедно; и тагата нивна ке се претвори во радост, ке ги утешам и ке ги зарадувам по нивната болка.
14. И ке ја нахранам душата на свештениците со мрс, и Мојот народ ке се насити со Моите добра, вели Господ.
15. Така вели Господ: глас се слуша во Рама, пискот и горко плачење: Рахил плаче за децата свои и не сака да се утеши за нив, оти ги нема.
16. Така вели Господ: задржете го гласот свој од плачење и очите свои - од солзи, оти за трудот твој има награда, вели Господ, и тие ке се вартат од непријателската земја.
17. И надеж има за твојата иднина, вели Господ, и твоите синови ке се вратат во пределите свои.
18. Го слушам Ефрема како плаче: "Ти ме казни, и јас сум казнет како нескротен јунец; сврти ме - и ке се свртам, зашто ти си мој Господ Бог.
19. Кога се обрнав, јас се покајав; кога бев вразумен, се удирав по бедрата; станав посрамен, станав смутен, зашто го носев срамот од младоста своја."
20. Зар Ефрем не е Мојот драг син, не е ли тој дете сакано? Оти, штом ке почнам да зборувам за него, секогаш се секавам со љубов за него; срцето Мое се радува за него; ке се смилувам над него, вели Господ.
21. Постави си знаци по патиштата, постави си купишта камења, запомни го патот, по кој си врвела; вракај се, девојко Израилева, вракај се во тие твои градови.
22. Уште ли ке скиташ, керко отстапничка? Оти Господ ке направи нешто ново на земјата: жената ке го спаси мажот.
23. Така вели Господ Саваот, Бог Израилев: во иднината, кога ке ги вратам робовите нивни, тие по земјата на Јуда и во неговите градови ке го кажуваат овој збор: "Господ нека те благослови, живеалиште на правдата, света горо!"
24. И ке се насели во неа Јуда и сите негови градови заедно, земјоделците и они што пасат стада.
25. Бидејки Јас ке ја напојам изморената душа и ке ја наситам секоја малаксана душа.
26. Потоа се разбудив и погледнав, и сонот ми беше пријатен.
27. Ете, идат дни, вели Господ, кога ке посеам во домот Израилев и во домот на Јуда семе човечко и семе од добиток.
28. И како што внимавав за нив, кога ги искоренував и ги уништував, кога ги разрушував, погубував и повредував, така ке внимавам на нив, кога ке ги издигнувам и насадувам, вели Господ.
29. И тогаш, нема да велат веке: "Татковците јадеа кисело грозје, а забите на децата нивни им факаат оскомина."
30. Но, секој умира поради своето сопствено беззаконие; кој ке јаде кисело грозје, нему забите ке му факаат оскомина.
31. Еве настапуваат дни, вели Господ, и ке склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет.
32. Не онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од Египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.
33. Но еве го заветот, што ке го склучам со домот Израилев по оние дни, вели Господ: ке го вложам Мојот закон во утробата нивна и ке го напишам во срцата нивни, па Јас ке им бидам Бог, а тие ке бидат Мој народ.
34. И нема повеке да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: "познајте Го Господа", оти сите тие, од мал до голем, сами ке Ме знаат, вели Господ, бидејки ке им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веке да се секавам.
35. Така вели Господ, Кој го определи сонцето да свети дење, и им даде наредба на месечината и на sвездите да светат ноке, кој Го бранува морето, и брановите негови да бучат; Господ Саваот е името Негово.
36. Ако тие наредби престанат да ги применуваат пред Мене, вели Господ, тогаш и племето Израилево ке престане да биде народ пред Мене за секогаш.
37. Така вели Господ: ако може да се измери небото угоре и основите на земјата да се испитаат удолу, тогаш и Јас ке го отфрлам сето племе Израилево, за се она, што го правеа, вели Господ.
38. Еве, доа аат дни, вели Господ, кога градот ке биде обновен за слава на Господа, од кулата на Анамеила до Аголната порта,
39. и мерката на земјата од ридот ке отиде уште погоре, токму до ридот Гарив и ке свие кон Гоат.
40. И целата долина на труповете и на пепелта, и целото поле до потокот Кедрон, до аголот на Коњската порта спрема исток, ке биде светиња Господова; нема да се разрушува и нема да се расипува довека.

  Jeremiah (31/52)